И денешната собраниска седница, на која треба да ја продолжи расправата за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлески, се очекува да биде ново продолжение на проѕирните обиди на ВМРО-ДПМНЕ за опструирање на враќањето на правната држава во Македонија
Иако СДСМ најави дека Зврлевски нема да биде отпуштен од работа и дека нема да му престане работниот однос, туку само ќе ја напушти функцијата, пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ги користат сите средства за одолговлекување на расправата о одбрана на фотелјата на контроверзниот обвинител. И режијата и „актерите“ се катастрофално неквалитетни, но засега, им успева да го спроведат деструктивното сценарио Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев потенцираше дека пратениците на СДСМ нема да учествуваат во бесмислената расправа која ја креираат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.