• Latest

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

February 7, 2022
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Џабе се жалиме дека ѓубрето нè труе ако ја спречуваме изградбата на современи депонии

February 7, 2022 12:39
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Одложувањето на изградбата на регионалните депонии во земјава единствено е на штета на граѓаните и на животната средина. Покрај тоа што ги загадуваат почвите, водата и воздухот, постојните општински депонии се со ограничен капацитет и тие еден ден ќе се наполнат. Од друга страна, регионалните депонии што би се изградиле се поразлични од она што го имаме сега, бидејќи на нив ќе се одлага само преработениот неопасен отпад, пишува Мета.мк.

Ова го објаснува Борче Кузмановски, програмски координатор за зелена економија од Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина „Гоу Грин“ по минатонеделната изјава на градоначалникот на општина Свети Николе дека тие не се согласуваат да се гради регионалната депонија по европски стандарди во овчеполското село Мечкуевци.

„Моментално со општинските “привремени” депонии не се управува на правилен начин, односно отстранувањето отпад во техничка и оперативна смисла не е во согласност со ниту еден од меѓународните стандарди за депонии. Собраните количини од контејнерите за комунален отпад се депонираат без никаков претходен третман, што резултира со директно загадување на почвите, подземните води, климата, односно за животната средина воопшто, како и за здравјето на луѓето“, вели за Мета.мк Борче Кузмановски.

Наспроти ова, регионалните депонии, вклучувајќи ја и онаа што треба да се гради во Општина Свети Николе, ќе бидат центри за преработка на отпадот, додека ќе се депонира единствено дел од неопасниот отпад со негово правилно распространување на локацијата, прекривка на почвата и правилен третман на исцедокот за да не се загадува почвата, водата и воздухот.

„Градоначалниците треба да покажат поголема конструктивност и нивна заложба за имплементација на системот. Они се тие кои им служат на граѓаните и треба да им овозможат подобри услови за живот. Оттука, треба да најдат соодветен механизам за како да го искомуницираат тоа со граѓаните, да им се објасни и што всушност значи изградба на таков центар или депонија“, објаснува Борче Кузмановски од „Гоу Грин“.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк не сакаа да ги коментираат најавите на градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев дека локалната власт не сака да се гради современата фабрика за третман на отпадот кај Мечкуевци, но и најавите за распишување на референдум во општината. Од Министерството накратко велат дека неделава ќе има состанок меѓу нив и градоначалниците од Источниот плански регион, на којшто ќе се разговара токму на оваа тема.

Инаку, Општина Свети Николе веќе неколку месеци наназад го кочи дооформувањето на Јавното меѓу-регионално претпријатие за управување со отпад „ЕКО ИСТОК-СЕВЕРОИСТОК“. Општинскиот совет треба да назначи член на надзорен и управен одбор на претпријатието, по што би следел изборот на директор. Само со целосно оформено претпријатие, Европската Унија ќе дозволи распишување на меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија кај Мечкуевци.

Локалните власти го одолговлекуваат објавувањето на тендерската постапка, коешто требаше да се случи на почетокот на годинава. За изградба на регионалната депонија се обезбедени неповратни средства од ЕУ од околу 40 милиони евра, а општините од Источниот плански регион веќе добија контејнери за селекција на отпадот, камиони и опрема. Исто така, во Источниот и Североисточниот плански регион предвидено е да се исчистат дивите депонии и да се затворат постојните општински депонии, но сето ова е сврзано со конечното воспоставување на регионалниот систем за управување со отпадот.

Во делот на комуницирањето со граѓаните за потребата од регионална депонија, од „Гоу Грин“ велат дека може да се формираат работни групи, да се организираат обуки, да се вклучат експерти, коишто сите заедно, можат да му помогнат на градоначалникот да им објасни на луѓето дека станува збор за проект за подобрување на условите во општината во која живеат.

Сепак, со новиот Закон за управување со отпадот јасно се дефинира периодот во кој општините имаат рок да го воспостават регионалниот систем за управување со отпад, и ако за 2 години од донесувањето на спогодбата не го направат тоа, тогаш надлежноста ја презема Владата. Воедно, вели Борче Кузмановски од „Гоу Грин“, постои можност општините да се откажат од воспоставувањето на ваквиот систем и во тој случај неговото основање треба со одлука да ѝ го доделат на Владата.

„Досегашното регионално управување со отпад не покажа резултати и доколку се продолжи да се остварува и понатаму без да се преземат соодветни мерки за негово унапредување, постојните проблеми и трошоци ќе се продлабочуваат. Неправилното управување со моменталните депонии ќе остане како принцип и притисокот врз животната средина само ќе се зголемува“, додава Борче Кузмановски.

Наспроти ова, регионалните системи за управување со отпад, коишто ја опфаќаат и изградбата на новите депонии, веќе се проверена практика во европските земји што дава многу добри резултати. Тие предвидуваат селекција на отпадот од страна на самите граѓани, негово собирање и носење до претоварните трансфер станици каде ќе се врши секундарна селекција и каде ќе има компостари за биолошки отпад. Од овие претоварни станици на регионалната депонија ќе се носи отпадот, но само дел од него ќе се депонира.

Конкретно, регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци треба да има погони (постројки) за третман на отпадот, и тоа: механички пред-третман со сечкање на отпадот, преработка на обоените метали и скрининг, компостирање на мократа фракција, рафинација и зреење. Посебна постројка треба да има за сортирање на хартија, пластика, стакло и метален отпад, во која би се вршело рециклирање на материјалот. На локацијата би се наоѓала и мала постројка за компостирање на градинарски отпад. Ова досега не се работело на ниту една локација во земјава, односно отпадот единствено се депонирал.

„Ние како здружение за заштита на животната средина го поддржуваме регионалното управување со отпад и изградбата на депонии, бидејќи планот опфаќа повеќе активности од само градење на депонија – изградба на инфраструктура, како што се трансфер станици, канти и контејнери за селекција, собирање на отпадот, односно систем на примарна селекција и возила за транспортирање на отпадот“, вели Борче Кузмановски од „Гоу Грин“.

Од „Гоу Грин“ упатуваат апел до граѓаните да не се фокусираат „ЗА“ или „ПРОТИВ“ регионалните депонии, туку будно да ја мониторираат состојбата на терен при нивното градење, односно дали регионалните депонии ги исполнуваат стандардите на ЕУ и Директивата за депонии.

Инаку, Општина Свети Николе е последниот пример за блокада на изградбата на регионалната депонија за Источен и Североисточен плански регион. Во 2019 година идентичниот потег се случи со Општина Дебарца за регионалната депонија за Југозападниот плански регион, а Општина Гостивар во неколку наврати периодов навестуваше дека не сака „Русино“ да биде регионална депонија за Полошкиот регион.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ