• Latest

Џафери-Бегај: Северна Македонија и Албанија се повеќе од само соседски земји

June 13, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Бегај: Северна Македонија и Албанија се повеќе од само соседски земји

June 13, 2024 13:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Северна Македонија.

На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Северна Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех.

Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Северна Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Северна Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

Tags: АлбанијаБегајСеверна МакедонијаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ