Веднаш по завршувањето на пре сконференцијата, Талат Џафери го добил писмото од Владата за прогласување на вонредната состојба.
Но како што тој и самиот извести дека нема да го свикува Собранието, од неговиот кабинет потврдуваат дека писмото ќе се препрати кај претседателот на државата Стево Пендаровски за тој да се изјасни за предлогот на Владата.
Џафери на прес конференција образложи дека распуштено Собрание не може да се собира пак без да се прогласи вонредна состојба, а тоа според него треба да го прогласи претседателот на државата.