Доцна синоќа претседателот на Собранието, Талат Џафери го потпиша Законот за јазици со што албанскиот јазик станува втор официјален јазик во земјата.
Со потписот Џафери го испрати законот во Службен весник на објавување а откако ќе се објави стапува на сила.
Џафери на својот Фејсбук објави фотографија од неговиот кабинет како го потпишува тој закон и под фотката напиша на албански и македонски јазик: “Законот за употреба на јазиците и во Службен весник“.
„Тоа не е прашање на моите ветувања, тоа е прашање на моите уставни обврски. Не зависно кога тоа ќе се случи“, рече тогаш Џафери.
Законот за јазици, кој е усвоен пред година дена, е пратен во Службен весник но без потпис на Иванов, кој од тогаш одби да го потпише велејќи дека тој е противуставен.
Иванов двапати одби да го потпише Законот за употреба на јазиците кој парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, со поддршка на албанските опозиции и без присуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ , прв пат го изгласа на 11 јануари минатата година, а втор пат на 14 март.
Опозицијата во понеделникот соопшти дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник без потпис на Иванов е „кривично дело кое не застарува и за кое следува казна затвор“.
М. И.