• Latest

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

November 21, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Институциите, медиумите и просветните работници да покажат како се чува албанскиот јазик

November 21, 2020 14:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Секој временски период ги бие своите битки и ги слави големите или малите борби кои се само камче во зацврстувањето на темелот на чувањето, развојот и ажурирањето на јазикот кој е жива материја и кој може и да потпадне под влијание на интернационализмите и незапирливиот и сеопфатен напредок на технологијата. Затоа, треба да бидеме будни, секој во својот домен на делување. Тука, пред сѐ мислам на себе и на другите претставници на политичкиот дијапазон кои актуелно се или во иднина ќе бидат дел од законодавната власт, а тоа значи можност да ја менуваме, дополнуваме и подобруваме законската основа за чување на стандардниот јазик, порача денеска претседателот на Собранието“, Талат Џафери во поздравното обраќање на Научната академија по повод научно-културната манифестација „Деновите на Азбуката – II“.

Џафери ги повика институциите, медиумите, административните и просветните работници, со свој пример да придонесат за раст на новите генерации кои ќе го сакаат, чуваат, почитуваат и говорат албанскиот јазик.

Џафери во обраќањето се осврна на историјата и креирањето на азбуката.

„Азбуката со која се роди и го почна своето патешествие националната борба за културно осамостојување на светско рамниште, беше силна поддршка за националниот идентитет и за политичката независност на Албанскиот народ. Тоа патешествие помина низ многу предизвици, тешкотии, оспорувања и потценувања, меѓутоа, не го сопре одѕвонувањето на срцепарателните песни на Неџмије Пагаруша, Ханифе Сејфула Речани и на многу други истакнати албански солисти. Не ги спречи ниту истакнатите научници албанолози и писатели, ниту го сопре перото на светски познатите албанските писатели, почитуваните Исмаил Кадаре, Луан Старова и други. Напротив, беше јазикот на автентичното преведување на нивните величествени дела со кои се зголеми и се рашири албанската книжевна вредност. И, не само книжевната. Вредностите и доблестите, хуманоста и солидарноста, емпатијата и разбирањето не беа непознати ниту за Светата Мајка Тереза, ќерката на нашиот свет и мајка на целиот свет, како што прекрасно ја опишале од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и што не прави горди на светско ниво“, истакна Џафери.

Џафери од лично име, но и од име на пратениците во Собранието упати честитки по повод 22 Ноември, 112-годишнината од Битолскиот конгрес на кој се унифицираше албанската азбука, ден кој се одбележува како национален празник на Албанците во Северна Македонија.

На Научната академија присуствуваа заменик-министерот за образование и наука, Шабани, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Асани, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Села, како и директорот на Институтот за албанолошки и протестантски студии, Хосафлок.

Манифестацијата почна со омаж за Ѓерасим Ќириази, а заврши со промоција на книга за Парашќеви Ќириази.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ