Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 81 седница на која пратениците расправаа по една точка на дневен ред – Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година. Продолжението на седницата Џафери го закажа за утре во 11 часот.
Денешната седница помина во тензична атмосфера и на работ на неколку инциденти помеѓу пратениците од власта и опозицијата. Опозициските вувузели и денеска беа најгласни во парламентот, додека пратениците од СДСМ ја бранеа предлог преговарачката рамка.
Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.