• Latest

Џафери како сведок за „27 април“: Вељановски работел според деловникот, без техничка можност за исклучување на пратениците од говорница

October 8, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Џафери како сведок за „27 април“: Вељановски работел според деловникот, без техничка можност за исклучување на пратениците од говорница

October 8, 2020 14:43
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Талат Џафери на 27 април 2017 година имал смртен случај во семејството, починал брат му и повремено доаѓал на седницата на Собранието и затоа немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски со барање седницата да продолжи и по истекот на нејзиното вообичаено времетраење.

Џафери кој денеска во Кривичниот суд сведочеше на рочиштето за „Организаторите на 27 април“, кажа дека тогаш немало техничка можност претседателот на Собранието да исклучи пратеник од говорница и за тоа морал да побара да го направи режијата.

Во вкрстени испитување од обвинителката Вилма Рускоска, Џафери посочи дека имало процедурално барање да се прејде на друга точка на дневен ред – за избор на претседател на Собранието, но не било ставено на дневен ред за гласање.

Прашан од адвокатот на одбраната Еленко Миланов, Џафери потврди дека претседавачот Вељаноски неколку пати побарал од пратениците да се откажат од говорот, но не можел да ги принуди на тоа.

Талат Џафери по сведочењето си замина од судот и не даде изјава за медиумите.

Изјава даде адвокатот Еленко Миланов, кој кажа дека Џафери денеска само потврдил дека Вељаноски работел според деловникот и немал техничка можност да ги исклучи пратениците кои говореле од говорницата.

 

Џафери беше единствениот што сведочеше на денешното рочиште. Претседателот на судечкиот совет, судијата Илија Трпков, рече дека е сослушан само Џафери заради обврски на обвинетиот Миле Јанакиески кој треба да присуствува и на други судења. Преостанатите сведоци ќе бидат сослушани на следното рочиште што го закажа за 16 октомври во 10.30 часот

На претходно рочиште на 18 септември сведочеа неколку актуелни и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Како сведок е повикан и поранешниот пратеник на Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими, кој на 27 април 2017 години од говорницата на Собранието ја интонираше албанската химна.

Случајот за „Организаторите на 27 април” се наоѓа во доказна постапка. Овој предметот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ