Собранието на Република Бугарија го 139 гласа „за“ денеска го ратификуваше Протоколот на Северно-атлантскиот сојуз за членство на Република Северна Македонија.
По ратификацијата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и неговата колешка Цвета Карајанчева, одржаа прес конференција на која го искажаа задоволството од свечениот чин на ратификација, кој е значаен за граѓаните на двете држави.
„После толку години чекање пред вратите на НАТО, НАТО за нас станува реалност, односно по потпишувањето на Протоколот за пристапување во Брисел, започна фазата на Ратификување на Протоколот за пристапување во националните парламенти на 29-те земји членки на НАТО и досега тоа го направија покрај Грција, Словенија, Албанија и ете денес, Бугарија. Убеден сум дека имањето на Република Бугарија покрај нас, е силна гаранција дека и ние како земја, меѓутоа и целиот регион на Западен Балкан ќе се развиваме и напредуваме во вистинскиот правец кој ќе донесе мир, стабилност, напредок и благосостојба за сите наши граѓани. Убаво е да се има вистински и искрени пријатели, уште поубаво е чувството кога тоа се нашите непосредни соседи“, рече Џафери.
А. П.