Претседателката на Собранието на Бугарија, Цвета Карајанчева, по средбата со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, изјави дека со денешната ратификација на Протоколот за НАТО во бугарскиот Парламент ја покажале решеноста за да продолжат да ги решаваат проблемите во регионот.
„Заедно можеме да бараме решенија и патишта за приоритетите, кои Бугарија веќе ги одбележа за време на своето европретседавање“, додаде Карајанчева.
„Уверен сум дека со Бугарија покрај нас е силна гаранција дека и ние како држава, но и целиот Балкански регион ќе се движиме во вистинската насока која носи мир, стабилнсот, напредок и благосостојба. Добро е да имаш искрени пријатели, но чувството е уште подобро кога се наши соседи“, додаде Џафери.
Парламентот на Република Бугарија денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздражни немаше.
Бугарија е четврта земја која го ратификуавше протоколот. Претходно тој доби зелено светло во парламентите во Грција, Словенија и Албанија.
А. П.