• Latest

Џафери: Не можам да прифатам дека светот, сите ние, не успеавме да го спречиме окупаторското, недемократско и нечовечно однесување на Руската федерација кон Украина

October 25, 2022
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Џафери: Не можам да прифатам дека светот, сите ние, не успеавме да го спречиме окупаторското, недемократско и нечовечно однесување на Руската федерација кон Украина

October 25, 2022 16:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога за време на мојата посета на Украина во април оваа година, растревожен од бројот на загубените животи, разрушената инфраструктура и влегувањето на Украина во една целосно поинаква димензија на егзистенција, се обврзав дека ќе се заложам за помош со сета моја моќ, не ни помислував дека ќе дојдеме до оваа фаза на ескалација, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на Првиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, информираат од собранискатапрес служба.

Тој посочи дека Република Северна Македонија ја усвои „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Покрај тоа, се приклучивме кон сите резолуции и иницијативи со кои се побара од Русија да престане со употреба на сила во Украина и да ја повлече својата војска и се приклучивме кон сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација. Тоа го направи и сиот демократски свет, затоа што тоа е во склад со сето она во што веруваме и сакаме да оставиме како аманет на следните генерации, истакна Џафери.

Претседателот на Собранието  рече дека сепак, окупацијата продолжи, се прошири со нови, многу подеструктивни облици на уништување на поредокот што го знаеме, почитуваме и штитиме.

-Не можам да прифатам дека светот, сите ние, не успеавме да го спречиме окупаторското, недемократско и нечовечно однесување на Руската федерација кон Украина во ова време на цивилизиран и напреден свет. Свет кој што видел многу, страдал многу и човек би помислил дека лекцијата е научена. Но, не е така. Затоа, ова промовирање на парламентарната димензија на Меѓународната Кримска платформа со што ќе се комплетира неговата архитектура, нека биде уште едно сведоштво за единството на меѓународната заедница во одбраната на нормите на меѓународното право, кое дефинира дека „Крим е Украина“, изјави Џафери.

Според Џафери, формулата останува непроменлива, а деокупацијата на Крим е од големо значење не само за Украина, туку и за цела Европа, за регионалната безбедност и стабилност, како и за глобалната безбедност на храната.

-Меѓународната Кримска платформа, којашто има за цел да ја зголеми ефективноста на меѓународниот одговор кон тековната окупација на Крим и на други делови на Украина, е заеднички напор да се застане на патот на растечките безбедносни закани кои имаат тенденција да заземат непосакувани размери. Покрај тоа, Платформата ја потврдува и солидарноста меѓу членките на Европската Унија и НАТО, таа е порака на демократскиот свет против насилно наметнатиот руски поредок и моќна порака дека меѓународното право, неповредливоста на меѓународно признатите граници и нашите заеднички вредности – човековите права и основните слободи мора и ќе бидат заштитени, нагласи Џафери.

Претседателот Џафери, како што се наведува, истакна дека најпрво како човек, како институција, како држава и тука заедно како учесници на овој прв парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа стоиме цврсто на страната на Украина, украинскиот народ и институции во бранењето на територијалниот интегритет и суверенитет, се солидаризираме со нив и ја демонстрираме нашата решеност да продолжиме со нашата поддршка за Украина со политичка, економска, хуманитарна, безбедносна помош се до слобода на Украина и украинскиот народ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ