Претседателот на Собранието, Талат Џафери, апелира претставниците на политичките партии да го почитуваат повикот на преставниците на ЕУ и да изнајдат решение за Законот за Јавно Обвимителство. Тој рече дека Собранието може во секој момент да го донесе Законот за јавно обвинителство, доколку партиите ги надмимат разликите предходно.
“Ако пораката на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние е дека Законот за јавно обвинителство е многу важен за добивање на датум за преговори, тогаш политичките партии треба да ги надминат барикадите и да се договорат. Во аспект на процедурите на Собранието, има доволно време и Собранието може да работи во секое време ако има потреба, но треба да има резултат од оваа работа. Оттука, политичките партии треба да седнат и да се договорат”, изјави Џафери.
Арбен Зеќири