• Latest

Џафери се сретна со новиот руски амбасадор Баздникин

September 26, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери се сретна со новиот руски амбасадор Баздникин

September 26, 2018 14:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска имаше средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин.

Претседателот Џафери, информираат од собраниската прес-служба, му посакал на новоименуваниот амбасадор Баздникин успех во извршувањето на оваа одговорна функција.

Тој нагласил дека стратешки приоритет на Република Македонија со одлука на граѓаните се евроатлантските интеграции на земјата, но големо значење се придава и на унапредувањето на билатералните односи со Руската Федерација, а особено на парламентарната и економската соработка.

Амбасадорот Сергеј Баздникин, се вели во соопштението, истакнал дека негова цел во рамките на мандатот ќе биде продлабочувањето на меѓусебната соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија во бројни полиња од заеднички интерес и укажал на потребата за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји.

Соговорниците оцениле дека интензивирањето на меѓупарламентарната соработка може да се реализира преку взаемни посети на Групите за пријателство, а со оглед на тоа што таква група во Собранието на Република Македонија веќе постои, амбасадорот се заложил за забрзување на основањето на соодветна група и во Федералното собрание на Руската Федерација, што би бил одличен начин на размена на идеи, мислења и искуства.

На средбата, информираат од собраниската прес-служба, станало збор и за текот на референдумската кампања чијшто овластен носител е Собранието на Република Македонија. Џафери и амбасадорот Баздникин изразиле очекување за зацврстување и унапредување на севкупните односи меѓу двете земји, во духот на традицијата и меѓусебното пријателство. (МИА)

Tags: Република МакедонијаРуска ФедерацијаСергеј БаздникинТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ