• Latest

Џафери: Во Тетово национализам има само на стадиони

August 1, 2019

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Џафери: Во Тетово национализам има само на стадиони

Честопати лажните вести предизвикуваат и меѓуетнички, меѓуверски конфликти, нетолеранција меѓу луѓето, и може да предизвика многу поголеми проблеми отколку некаква безначајна непријатност на социјалните мрежи, смета Арианит Џафери, Еко-Герила

August 1, 2019 14:05
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Екипата на ЦИВИЛ разговараше со Арианит Џафери од Еко Герила за национализмот и лажните вести на локално и национално ниво. Интервјуто е дел од проектот „Зелена иднина“, со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел (Сараево), и дел од посетата на екипата на ЦИВИЛ на општините во Полошкиот регион.

ЦИВИЛ Медиа: Дали има национализам во Тетово?

Џафери: Во Тетово национализам може да се види и слушне само на трибините по стадионите, од која било страна. Расистичките и фашистички повици што се слушаат на трибините за време на големи спортски натпревари, се можеби единствените моменти во кои се изразува национализмот во Тетово. Инаку, Тетовчани имаат хармоничен соживот и живеат мирно едни со други, Албанци и Македонци, има многу кафулиња во кои се дружат, се забавуваат заедно, има многу бизниси со кои заедно се управува. Во секојдневието комуницираат нормално меѓу себе, Албанци и Македонци, ги посетуваме за Велигден, не посетуваат за Бајрам, така што не верувам дека национализмот постои во некоја одредена поистакната форма, независно од тоа што честопати политиката е таа што поттикнува одредени чувства кај едниот или кај другиот, секако, за да придобијат политички поени. Но, долгорочно, не верувам дека има национализам во Тетово.

ЦИВИЛ Медиа: Како се справувате со лажните вести, дали ги распознавате, или ви треба упат?

Џафери: Лично, за лажните вести имам направено непробоен ѕид, и кога ќе прочитам наслов од типот „Нема да поверувате  што се случило“ или „Еве што кажа тој и тој…“, јас тој линк не го отворам. Така што, не само што поттикнуваат негативни реакции, лажните вести се и досадни и штетни бидејќи во моментот кога се експонираш пред тие вести, како да креираш некаков отпор кон тие вести, и може да биде вистинска вест, но нема да ја прочиташ бидејќи веќе имаш отпор кон истите. Како организација, многу внимаваме на лажните вести, честопати добиваме информации од луѓе, информации кои би ги употребиле, и кошто би предизвикале многу поголема реакција. Но, теркот на нашата организација е да не реагираме на непотрврдени информации. Истиот пристап го имаме и со лажните вести. Ние може да прочитаме, и доколку не е потврдена, доколку нема јасни извори таа информација, ако е од аномимни извори и само за нашата редакција, како што обично велат, не реагираме на тие вести. Затоа, добро е да се среди оваа работа со закон, бидејќи често се случувало и порано, и честопати лажните вести предизвикуваат и меѓуетнички, меѓуверски конфликти, нетолеранција меѓу луѓето, и може да предизвика многу поголеми проблеми отколку некаква безначајна непријатност на социјалните мрежи.

Дијана Тахири

камера и монтажа: Ариан Мехмети

 

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ