Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбазки, на социјалната мрежа Твитер сподели видео спот како дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија, во кој вели дека Македонија е бугарска.
❗️#Македония е българска. Факт, който няма нужда от доказване. Факт, който Зоран Заев забравя, когато е в Скопие. И си спомня, само когато поиска нещо.
🇧🇬 Истината не може да се заобикаля, а съдбата на всеки предател е да бъде отхвърлен от историята!#БългарскитеПатриоти 🗳1️⃣6️⃣ pic.twitter.com/kiqmLLbMxn— Джамбазки (@djambazki) June 18, 2021
-Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност.
Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е исфрлање од историјата. Бугарија и бугарските патриоти ќе ја продолжат нашата битка за вистината!“, напиша Џамбазки на својот профил на Твитер.