Тоа што рускиот претседател Владимир Путин го направи во Украина е злобно, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, додека британската Влада објави за дополнителна воена помош во вредност од милијарда фунти за Киев, пренесува МИА.
– Мислам дека тоа што го направи е злобно. Сметам дека од тоа, веројатно следува дека, ако сте она што го правите, тогаш секако е, одговори Џонсон на прашањето дали Путин бил злобен, при разговор со GB News на Самитот на НАТО во Мадрид.
– Оружјето, опремата и обуката на Обединетото Кралство ја трансформираат одбраната на Украина со цел да се спротивстави на овој напад. Ќе продолжиме цврсто да стоиме покрај украинскиот народ за да се осигураме дека Путин нема да успее во Украина, нагласи Џонсон.
Медиуми беа повикани да снимаат вежба на украински војници во јужна Велика Британија, кои се обучуваат да користат западна артилерија како дел од британската програма за помош.
Воената обука во Велика Британија, што се одржува и со поддршка од Нов Зеланд, ја поминаа над 450 припадници на украинската војска.