Од настани на денот за денеска двете најголеми политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ решија да си играат брканица.
ВМРО-ДПМНЕ во 12:30 одржа прес пред седиштето на СДСМ, а пак СДСМ во 13:30 ќе одржи прес пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали ваквата постапка на партии значи обид за приближување и помирување на партиите, или пак едноставно повторно се работи за партиски препукувања и криза на идентитет, останува да заклучиме по одржувањето на вториот прес.
Во меѓувреме, новинарите збунети од ваквите постапки на партиите на шега прашуваат дали и тие треба да си ги заменат камерите со колегите од другите редакции.
Маја Ивановска
Фотографија: Арбен Зекири