• Latest

Каде е Џабир Дерала?

May 2, 2024

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Каде е Џабир Дерала?

May 2, 2024 12:15
in ES-PRESS-O, ГОВОР НА ОМРАЗА, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кампањата со омраза, навреди и лаги против мене продолжува. Интересно е да се забележи дека секогаш кога организацијата што ја претставувам излегува со супер видливи и влијателни содржини и пораки, таа кампања се засилува. Така, иницијативата за промоција на правото на глас, извештаите од изборниот мониторинг, анализите на руските хибридни тактики и пораките за ставање крај на етнички мотивираната омраза и насилство, како и редовното известување за руската агресија против Украина и демократскиот свет – секогаш добиваат „амин за јуриш“.

„Јуришните одреди“ на антизападната, националистичка пропаганда не се особено креативни. Нивните напади се примитивни и простачки, а дозата на лаги и потпалувачки говор и закани се јасни и целосно разуздани, лишени од манири, писменост и смисла. Чиста омраза.

Јас сум малку на социјалните мрежи. Веројатно не трошам повеќе од 15-20 минути дневно на сите заедно: Фејсбук, Х, Инстаграм, Тред, Редит, Телеграм, ТикТок… Да, имам профили на сите тие платформи, па и повеќе. Неспоредливо повеќе screen time трошам на Вашингтон Пост и другите претплати што ги имам.

Сепак, една од моите работни задачи е да бидам информиран за трендовите, наративите и главните пораки на сите учесници во јавната и политичката комуникација. За тоа се грижи вредниот мониторинг тим на ЦИВИЛ. Тие ги следат содржините на социјалните мрежи и во медиумите, ги архивираат дезинформациите и говорот на омраза, ги анализираат и прават дневни извештаи. Па, меѓу другото, читам дека повторно споделуваат скен од мојата лична карта, како и во 2017 година, за што и тогаш, а ниту сега, институциите не мрднаа со прст.

Секој ден ми се закануваат дека ќе ме убијат (никој со прст не мрдна)… И така во недоглед. Секој ден, секоја ноќ.

За да биде повесело, денеска ќе одберам еден „спонтан“ разговор на социјалните мрежи што беше забележан во еден од извештаите од архивата на ЦИВИЛ. Заканите по мојот и животот на моите колешки и колеги ќе ги изоставам, не сакам да им придавам поголемо значење од тоа што го имаат.

„Каде е Џабир Дерала“, прашува еден мој „фан“ (анонимен, се разбира). Па онака „спонтано“ се редат одговори од други мои „фанови“ (анонимни), каде што се вели дека се кријам и слично. На крајот од тој „спонтан“ дијалог, еден/една вели „него прв ќе го апсиме“.

Зошто се прашуваат каде сум? Пораката е дека сум невидлив или исплашен. Целосно неточно, по сите основи.

Десетици илјади луѓе ги гледаат моите видео пораки деновиве, речиси секој ден пишувам текстови што допираат до исто толку луѓе, учествувам на панел дискусии, давам изјави за домашни и странски медиуми, организации и универзитетски центри, моите анализи и опинион текстови се дел од неколку њузлетери што слетуваат во инбоксот на илјадници луѓе – а тие прашуваат „каде е Џабир Дерала“.

Иако изгледа смешна, оваа комуникација не е наивна, особено затоа што е само една од стотиците слични, но и многу повеќе насилни закани што се упатуваат буквално секој ден на моја и на адресата на прогресивните поединци и групи во земјата. „Спонтаноста“ тука е проѕирна маска. Не се толку вешти, ниту пак креативни за да постигнат ефект. Одамна се прочитани.

Да погледнеме во каков амбиент се одвива оваа кампања. Што (не) прават оние што се платени за справување со ова зло?

Судовите и полицијата, саморегулаторните и регулаторните тела, организациите за човекови права, државните агенции и комисии – со ретки исклучоци – пропуштија да одговорат соодветно на хибридните напади и грамадните бранови од лаги, теории на заговор, омраза и закани по животот на јавните интелектуалци и прогресивните медиуми и граѓански организации.

Зошто молчат?

Некои молчат (или не постапуваат) од страв. Други затоа што доброволно или заради пари носат руска „ушанка“ и чие политичко и идеолошко срце бие во Кремљ. Трети се изнедрени од генерациите националшовинисти кои беа негувани со децении наназад. Дел од нив (не мал) се добро платени за тоа што (не) го прават. Затоа молчат.

Каде се?

Можете да ги најдете во сите политички, академски, медиумски и граѓански ентитети низ целата идеолошко политичка палета во општеството.

Ги има и во полицијата.

Но мене нема да ме замолчат. Едноставно е:

Можат да го убијат човекот, но не можат да го убијат зборот. Колку и да лажат, лагите ќе испарат пред вистината.

Се кријат зад титулите или таблите со натписи на институциите во кои ги товат своите мешини и смрдливи души.

Но светлината на прогресивните идеи ќе ги спржи и ќе ги фрли во мрачниот амбис на срамот и заборавот.

Што и да направат, што и да напишат – не вреди – бадијала потрошени пари и време.

Институциите нема да постапуваат, судовите ќе судат во нивна корист – залудно.

На слободата, правдата и вистината не може да им се суди. Слободата и правдата го ставаат последниот печат на пресудата на времето и историјата. Сѐ друго е тегобен заборав во кој тие ќе потонат.

И сега: Каде е Џабир Дерала?


Текстот е личен став на Авторот.

ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ