Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово очекува новата Европска Комисија да започне со нова динамика во однос на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, како што пренесе Алсат.Курти на новинарите им кажа и дека на состаноците што ги одржал во Берлин побарал ЕУ да ги отстрани казнените мерки што и беа наметнати на Косово минатата година поради тензиите на северот, но и да му даде статус на земја кандидат. Косово е единствената земја во регионот на Западен Балкан што нема статус на земја-кандидат, бидејќи земјата аплицираше за членство во ЕУ во декември 2022 година.
„Очекуваме новата Европска комисија да започне со нова динамика и затоа сме оптимисти. Уште понатаму, инсистираме да се предаде главниот криминалец Милан Радоичиќ, кој го уби началникот Африм Буњаку, но и неговата паравоена група терористи кои се во обвинението на државното обвинителство на Косово. Бараме да се повлече писмото на Брнабиќ, бидејќи со тоа писмо таа се повлече од Договорот на патот кон нормализација на односите. Во исто време, она што го договоривме, треба да се потпише Основниот договор и Анексот за имплементација бидејќи потписот е правна гаранција“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.
Извор: Алсат