Државната изборна комисија на денешната седница (26 октомври) изгласа измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, донесено на 3 март 2020 година.
Според одлуката на ДИК, измените се состојат во тоа што во став 7 од Упатството се брише одредбата според која на гласачкото ливче треба да има печат на предната страна.
Измената на Упатството се носи на само 5 дена пред денот на гласањето во вториот круг на локалните избори.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ