Во споредба со претходните претседателски избори во 2014 година кога за надоместоци на општинските изборни комисии и избирчките одбори Државната изборна комисија одвои 5.959.000 евра, додека оваа година проценката е дека се доволни околу 3 милиони евра.
Од она што останува од вкупно 5 милиони евра колку што се предвидени за овие претседателски избори, 300.000 евра се за сместување на избирачките одбори, а остатокот за транспорт и изборен материјал.
ДИК предлага да се воведе електронско гласање и проверка на податоци, но таа привилегија граѓните ќе ја имаат од наредната година или следните изборни процеси. За овие претседателски избори, останува стариот принцип на ажурирање на Избирачкиот список и проверка на податоците, како и стариот начин на гласање со УВ ламба и спреј.
Б. Јордановска