Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница со почеток во 14 часот на која што меѓудругото ќе се разгледува и усвојува предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година на ДИК по програма 22 – референдум, со одлука за усвојување на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година на Државната изборна комисија по програма 22 – референдум, како и разгледување и усвојување на предлог oдлуката за утврдување на потреба од формирање на помошни тела на ДИК за спроведување на Референдумот на државно ниво, кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година.
ДИК, исто така, ќе го разгледува образец 29: Барање / Пријава за запишување во посебниот извод и гласање за референдум на државно ниво, во ДКП / КК во странство, а на дневен ред е и разгледување и усвојување на образец 30: пријава за гласање за референдум на државно ниво, во ДКП / КК во странство.
С.Д.