• Latest

Димитриевски: Куманово не е имуно на урбанистичкиот хаос

August 28, 2018
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитриевски: Куманово не е имуно на урбанистичкиот хаос

August 28, 2018 11:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со оглед дека се стремиме кон Европа, нормално е да ги почитуваме европските вредности, заемното почитување, елементарните човекови права, правата на сите заедници… тоа е иднината, не само на Куманово и Македонија, туку и во регионот. Мојата желба е еден ден Куманово да биде реално и вистински, европски град“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово, во разговор со ЦИВИЛ Медиа за европските вредности, демократските реформи и зелените иницијативи.

Градоначалникот Димитриевски не ги сака затворените простори за интервју. Сака да е надвор, со луѓето, па затоа побара и овој разговор да го водиме на отворено, на плоштадот, кој до неодамна беше неуреден, но сега се видливи трагите од уредувањето, со нови клупи и канти за отпадоци поставени во текот на изминатата година. На клупата што ја одбравме, седеше граѓанин, жител од Липково. По краткиот разговор што го имаа за тоа како се живее во општина Липково, што прави нивниот градоначалник, дали имаат потреба од нешто што не им е обезбедено, човекот сакаше да стане и да си замине, како што рече, да не ни смета во работата. Градоначалникот се извини и го замоли да остане бидејќи ние се приклувме нему, а не тој нас и дека тој простор и таа клупа е за сите што ќе најдат место на неа за одмор и дружба.

„Во минатото имавме зелена култура, садевме нови садници, пошумувавме, се грижевме за загадувањето… но, сега состојбата е поинаква и ќе се обидеме во овој период да го промениме тоа. Почнавме со реализација на проектот „Засади живот за живот“. Секое новороденче во Куманово, добива една садница и неговото  семејство ја негува таа садница, како што го негува новороденчето.

Спроведуваме еколошки акции, чистење на  диви депонии, озеленување со нови зелени површини… Морам да констатирам дека културата ни е на многу ниско ниво и ќе мора да направиме многу повеќе во делот на едукација. Онаа што го имаме да го сочуваме бидејќи човекот е најголемиот загадувач во општеството, да се обидеме тоа да го сведеме на минимум, а културата да ја издигнеме на највисоко ниво. Општината, пак, да постави доволно урбана опрема, како што денеска седиме, оваа канта што ја гледаме зад нас, да биде полна со отпадоци, но не и околу неа… Исто така, ќе се обидеме да ги одржиме чисти речните корита, да го намалиме загадувањето…“, истакна Димитриевски зборувајќи за степенот на еколошка култура и свесност и промените што се потребни за одржување и заштита на животната средина.

Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово

„Владее сеопшт урбанистички хаос на кој ни Куманово не е имуно. Се проектира без план. Донесовме неколку одлуки со Советот на мој предлог со што го намаливме коефициентот на изградба при градење на колективни живеалишта, станбени згради, да не може да помине повеќе од 50 проценти од вкупната површина. Тоа значи, ако има илјада квадратни метри парцела, можете да изградите со маркица од 500 квадратни метри во основа со дозволена висина, а останатите да ги уредите во зелена површина, дворно место, игралиште… едноставно сакаме да го вратиме она што беше во минатото“, изјави Димитриевски.

Со градоначалникот зборувавме и за меѓуетничките односи и колку тие влијаат на градење култура на заедништво околу исти потреби, вклучително и на план на екологијата и заштитата на животната средина како заедничко добро.

„Развојот на еколошката свест сите ние го стекнуваме од најмали години и тоа е елемент на домашното воспитување, а подоцна и во делот на дополнителната едукација во образовниот процес каде што во училиштата би требало да не учат како ние како граѓани одговорно да се однесуваме и да ја подигнеме свеста на еколошката култура. Но, и на чувството за зедништво, она што е јавно дека ни припаѓа нам. Куманово како мултиетничка средина без разлика на сите тестови во минатото и сите искушенија на кои што бевме ставени го надмина тоа и граѓаните сакаат да живеат заедно без разлика која на која етничка структура припаѓа… “, истакна Димитриевски.

Димитриевски преку секојдневна комуникација со сите граѓани во Куманово, независно од етничката, верската или политичката припадност се надева дека ќе успее да им покаже дека треба да учиме едни од други се повеќе за да го вратиме онаа ниво на однос кој бил во минатото меѓу нашите предци.

Разговорот е дел од проектот „Акција – интеграција“  што ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, посветен на промоција на европските и зелените вредности, демократските вредности и антинационализмот.

Биљана Јордановска

Фотографии: Маја Ивановска

 

Tags: Акција - интеграцијаевропски вредностиекологијаКумановоМаксим Димитриевски
Share481Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ