„Барам Македонија да гласа за другар, пријател, соборец претседател. Претседател којшто нема да им служи на политичките субјекти, кои лобираат, туку првенственото на граѓаните коишто му ја даваат довербата.“, рече кандидатот за претседател на РСМ, Максим Димитриевски, на вчерашниот собир во Штип.
Димитриевски порача дека тој ќе биде човекот што ќе работи на обединување на Македонците и сите етнички заедници во државата.
„На Македонија и е потребно обединување, на Македонија и е потребен претседател којшто ќе биде обединител и на Македонците и на сите етнички заедници во државата.“, порача Димитриевски.
Д. Т.