Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори на 17 октомври, откако стана извесно дека Димитриевски најверојатно нема да ја добие поддршка од СДСМ за уште еден мандат, потврди тој за ЦИВИЛ Медиа.
Димитриевки денеска ја достави неговата кандидатура до ДИК и за кратко време ги собра потребните потписи за поддршка. Пред кумановскиот ОИК имаше редици граѓани кои дојдоа да го дадат својот потпис за поддршка, јавува долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ.
На претстојните локални избори Димитриевски ќе настапи и со независна листа на советници, а носителка ќе биде жена.
Д. Мишев