По шпекулациите дека министерот Никола Димитров го напушта Министерството за надворешни работи пристигна реакција на неговиот Фејсбук профил.
„Гладна кокошка, просо сонува“, напиша Димитров.
По најавите на Владата дека ќе се „фатат за метлата“, што значи нови промени во министерствата и државните институции, во дел од медиумите почна да се шпекулира околу имињата на министрите и фукнционерите кои ќе бидат сменети.
Покрај Димитров, на листата се најдоа и министерката за правда Рената Десковска, која според неофицијални информации повторно ќе се врати во Министерството за образование, додека ресорот правда ќе биде доделен на ДУИ.
М. И.