• Latest

Димитров: Можноста да биде поинаков е извор на слободата!

February 15, 2017
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Можноста да биде поинаков е извор на слободата!

February 15, 2017 15:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Кога би ја претворил мојата презентација во текст би ја нарекол ‘Како сите станавме педери’, или како допрва треба да станеме сите ‘педери’… Нужност од другоста, како клучен елемент за преосмислување и критика на секоја власт која има потенција да стане тоталитарна, насилна и исклучувачка. Другоста – како нужност за замислување на слободата, можност да бидете нешто друго од тоа што сте. Во суштина, тоа е вистинската карактеристика на борбата за еднаквост и за еманципација на сексуалните и родови малцинства“, рече граѓанскиот активист Славчо Димитров,  еден од панелистите во дискусијата „Стеснување на просторот за граѓанско дејствување“, што се одржа вчера во организација на фондацијата „Хајнрих Бел“ – Канцеларија во Сараево и ЦИВИЛ-Центар за слобода. 

„Сакам да укажам на слепилото што владееше, вклучувајќи го и граѓанското општество и пошироко помеѓу граѓаните, еден подолг период, додека монструозното, тоталитарното лице на власта на Никола Груевски, дојде до израз уште во моментите пред да стапат на власт. Тогаш, никој не ги сфаќаше сериозно, јасните тенденции за протофашистичка и тоталитарна власт. Во 2006 година, во предизборната кампања, Антонио Милошевски тврдеше дека од здрава ќе станеме болна, дегенерирана нација, и во неполна година од нивното доаѓање на власт, ги презедоа првите нетранспарентни иницијативи за промена на законите. Прв пример за тоа беше Законот за семејство, во којшто ја редефинираа интимната, односно, партнерската заедница“, рече Димитров.

„Денес, сите што ќе се борат за своите и за правата на граѓаните, се карактеризираат како предавници на нацијата, сите се закана за безбедноста на државата, сите се опасност, сите кои ‘клеветат’ на западните сили… Да ве потсетам, ние ‘педерите’ ги доживувавме уште одамна, кога голем број од граѓаните не беа свесни што ги очекува, всушност, пред да се освестат – дека сите станавме ‘педери’!“, смета Димитров.

„Секоја акција за стеснување на граѓанското општество, мора да биде пресретнато од широк, колективен и солидарен отпор! Секое кукање и лелекање потоа, може да биде предоцна!“ беше дециден Димитров.

 

Tags: Антонио Милошоскиграѓански секторЗакон за семејствоколективен и солидарен отпорНикола ГруевскиотпорСлавчо Димитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ