Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на прес конференција реагираше на грубото прекршување на Договорот од Преспа.
– Може на техничката министерка за труд и социјална работа, Рашела Мизрахи да не и се допаѓа новото уставно име, но тоа не и дава за право да не го употребува. И мене не ми се допаѓа Скопје 2014 година па одам на работа во зградата на министерството за надворошни работи, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Тој нагласи дека непочитувањето на Договорот од Преспа е опасно за понатамошните преговори со Европската Унија.
– Однесувањето на Мизрахи повлекува политичка и правна одговорност. Јас му сугерирам на претседателот на владата, Оливер Спасовски да ја разреши од функцијата технички министер за труд и социјална политика.