• Latest

Димитров: Политичкиот фокус на ЕУ на регионот не треба да биде маргинален

June 18, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Политичкиот фокус на ЕУ на регионот не треба да биде маргинален

June 18, 2018 17:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија истакна дека политичкиот фокус на Европската унија на нашиот регион не треба да биде маргинален имајќи предвид дека тој е опкружен со земји-членки на ЕУ.

– Ова е регион кој географски не е на маргините на ЕУ, туку остров опкружен со земји членки на ЕУ. Самото тоа е доволен аргумент дека политичкиот фокус на ЕУ кон регионот, исто така, не треба да биде маргинален… И ваквото внимание ние немаме луксуз да не го сфатиме сериозно, истакна во својот говор шефот на македонската дипломатија, соопшти МНР.

Димитров како специјален гостин се обрати на сесијата „Интеграција и поврзаност на Западниот Балкан – нова движечка сила на политиката за проширување на Европската унија“ на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидати, во рамки на бугарското претседавање со ЕУ.

Тој се заблагодари на бугарското претседателство за, како што се наведува во соопштението, широкоградата поддршка и насочувањето на светлото кон регионот.

Во соопштението од македонското МНР се посочува дека Димитров ги претставил историските исчекори кои Република Македонија ги презема во контекст на затворање на отворените прашања со своите соседи, како и последните преземања на планот на домашни реформи, што се сериозна потврда за еден процес на созревање на земјата.

Во рамки на конференцијата, министерот Димитров остварил и неколку билатерални средби и куси разговори со парламентарци од повеќе земји-членки на ЕУ, како и со својот домаќин Кристиан Вигенин и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Шефот на македонската дипломатија имал одвоени средби со француската парламентарка и претседателка на Комисијата за европски прашања на Националната асамблеја на Франција, Сабин Тилеј, со холандската парламентарна делегација, предводена од претседателот на Комитетот за европски прашања во холандскиот претставнички дом, Малик Азмани, а имал и работен ручек со членови од германската парламентарна делегација, предводена од претседателот на Комитетот за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум, како и разговори со Лилијана Танги.

За време на средбите Димитров информирал за постигнатиот исчекор во контекст на односите со Грција и за претстојните чекори и предизвици на тој план и, како што се наведува во соопштението, замолил за поддршка од европските партнери за отворање на европскиот пат за Република Македонија, кој е од суштинско значење во претстојниот период во однос на натамошна имплементација на договорот со Грција.

– Позитивната одлука на ЕУ ќе биде истовремено и целосно заслужена валоризација на реформските резултати на домашен план, посочил македонскиот министер за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека од соговорниците биле упатени честитки за покажаното водство, искрена политичка волја и храброст во постигнувањето на заемно прифатливо решение меѓу Република Македонија и Грција. (МИА)

Tags: ЕУинтеграцијаНикола Димитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ