• Latest

Димитров: Во Европа ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

June 30, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Во Европа ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

June 30, 2021 12:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Португалскиот предлог се потпира на предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија, параграфот околу македонскиот јазик да остане таков каков што е со чиста формулација – македонски јазик и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Во однос на изјавата на државната секретарка на Португалија за европски прашања Ана Паула Закаријаш, Димитров рече дека во текот на вчерашниот ден имале многу контакти со Лисабон и со претставници на Португалија, односно португалското претседателство, дека укажале на, како што истакна, „оваа крајна несоодветност” и дека добиле „уверување оти изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон којшто останува на линија на португалскиот предлог и беше изразено жалење во оваа смисла”, пренесува Слободен Печат.

– Прашањето на македонскиот јазик за нас е клучно прашање. Ниту имаме мандат за тоа воопшто да помислуваме да преговараме. Во Европа ќе влеземе само во делот на македонскиот народ, се разбира, како Македонци кои зборуваат македонски јазик и го задржуваме правото тоа да си го браниме достоинствено без разлика на какви изјави ќе наидуваме, денес или во иднина. За мене лично ова беше прилично несреќна изјава, изјави Димитров, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција посветена на Националната програма за усогласување со правото на Европската Унија.

Прашан, каква ќе биде реакцијата на оваа изјава, Димитров, рече дека во јавноста често има еден вид збрка во однос на дипломатските реакции кога ќе имаме вакви поводи.

– Вчера на неколку нивоа, јас лично разговарав со Лисабон, Министерството за надворешни работи, исто така, министерот за надворешни работи Бујар Османи, исто така. Што е битно во дипломатската комуникација? Битно е јасно да си го изразите ставот, да изразите негодување, да изразите протест. Сето тоа е направено неколкукратно во текот на вчерашниот ден. Тоа што го добивме, што меѓу другото беше потврдено и преку кратката изјава на португалската амбасадорка што не покрива во Белград, дадена ако не се лажам за Дојче Веле во вчерашните вечерни часови, е дека Португалија никогаш нема да направи нешто што ќе штети на изнаоѓање решение, останува цврсто на својот предлог и нема намера да влегува во содржинска дебата околу културни прашања, идентитетски прашања итн, изјави Димитров.

Тој го повтори владиниот став дека македонскиот јазик е еден од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признат и кодификуван со своите уникатни специфики и запишан во личната карта на Северна Македонија во ОН, како и дека македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет.

Во предлог преговарачката рамка што излезе од Европската комисијата, посочи Димитров, во еден параграф се вели дека целото европско законодавство ќе биде преведено на македонски јазик и дека земјата ќе треба да има доволен број на преведувачи во моментот на зачленувањето.

– Ние досега имаме преведено некаде околу 80 илјади страници од европското законодавство. Во моментов преку СЕП се ревидира преводот на 16 илјади страници и се работи на неколку илјади нови страници, нови преводи, изјави Димитров.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ