• Latest

Димитровска: Непристапноста до гласачките места најголем проблем за лицата со попреченост

February 22, 2019

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитровска: Непристапноста до гласачките места најголем проблем за лицата со попреченост

February 22, 2019 14:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Благица Димитровска, претседателка на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, разговаравме за предизвиците на лицата со попреченост во процесот на гласање за време на претседателските избори.

ЦИВИЛ Медиа: Кои права ги имаа лицата со попреченост во изборните процеси, а кои права ќе треба доправа да ги остварат?

Димитровска: За лицата со попреченост во овие две години, откако се вклучивме ние во застапување на нивните изборни и политички права има значителен придонес на органите на Државна изборна комисија за подготвување на ресурси и материјали за поддршка на оваа категорија на граѓани. Сепак, нагорливиот проблем останува, непристапонста на гласчаките местаВо нашиот извештај од мониторингот на референдумот се утврди дека 71% пд гласачките места не се пристапни од надворешната страна на влезот за лицата со попреченост. Кога ќе се запрашаме како е внатре, дека има скали, дека се гласа на втор кат, тогаш овој процент е многу поголем.  Лицата што се со телесна попреченост, што користат количка, воопшто не можат да гласаат.

Според нас, како „Инклузива“ најголемиот проблем е во системските решенија, односно во изборното законодавство што е поврзано со многу други закони за лицата на кои им се одзема деловната способност. Овие лица се бришат од Избирачкиот список. Воопшто како да не се жители на нашата држава. Тука треба да се менуваат повеќе закони, но засега нема слух.

Што се однесува до лицата што се згрижени во згрижувачки семејства,  што живеат во некој дргу град, подалечен од нивното место на раѓање, покрај пречките и финансиските недостатоци не можат да го остварат своето право на глас. За ова прашање мислам дека ќе има некое померување напред, но останува да видиме.

Секако, како проблем остануваат и избирачките одбори кои не се едуцирани за користење на овие ресурси што се потребни и немаат никаков однос што е пожелен да го имаат, бидејќи лицата со попреченост се луѓе и гласачи како и сите останати, а не да им се кажува дека треба да гласаат дома. Тоа не смее да се прави. треба задолжителна обука, но и казни за оние што не ги почитуваат правилата што се донесени од ДИК.

ЦИВИЛ Медиа: Кои активности ќе ги преземе „Инклузива“ за претседателските избори и дали сметате дека ќе можете да влијаете некои од овие препораки и потреби што ги имаат лицата со попреченост за време на изборите ќе се надминат? 

Димитровска: Секако дека ние продолжуваме да работиме на оваа проблематика и со поголем интензитет. Ќе продолжиме со едукација на самите лица со попреченост, со најоглем акцент кон лицата со оштетен вид, затоа што треба да им се објасни како да го користат шаблонот за гласање и дека постои граничник за потпишување и како тој се користи. Најмногу ќе се залагаме ИО да бидат едуцирани и да имаат однос кон граѓаните со попреченост кко кон секој човек. Ќе продолжиме да вршиме мониторинг. Тоа е нешто што сакаме да го шириме, бидејќи се покажа за многу полезно. Но не зависи од нас, туку сè зависи од финансиската поддршка.

„Инклузива“ го промовираше извештајот од мониторнгот на Референдмот 2018 во кој како најслаба карика беа оценети Избирачките одбори.

Сепак, како позитивен ефект од соработката на „Инклузива“ со ДИК е најавата на претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, дека нивните јавни седници ќе се преведуваат на знаковен јазик.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)

Камера и фотогорафија: Дехран Муратов

 

Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ