„Шарената револуција за мене претставува и еден вид на лична борба. Се борев за да можам да зборувам гласно.“, вели Владанка Димковска, актерка и активистка на настанот на ЦИВИЛ по повод одбележувањето пет години од Шарената револуција.
„Сметам дека треба да се направи уште многу, да критикуваме, кога треба да се критикува и да поддржиме кога тоа е неопходно. Треба да сме свесни за тоа каде живееме и реално каде живееме. Затоа критиките пред сè, посебно сега во време на пандемија, треба да ги упатиме кон нас затоа што уште не сме созреани да преземеме лична одговорност“, вели Димковска, за пет години по Шарената револуција.
“Сметам дека секој ден треба да се бориме за вредностите и за тоа во какво општество сакаме да живееме. Бидејќи ако нешто научив јас од одењето по улиците, е дека за да го смениме општеството треба да се смениме самите, мене Шарената револуција ме научи гласно да го кажам она што го мислам и тоа е моја лична победа, студентските протести, Шарената револуција се белег на нашата младост и ние тоа бреме треба да го носиме гордо во иднината која доаѓа, притоа држејќи се цврсто до нејзините вистини”, дополнува таа.
монтажа: Ариан Мехмети