„Откривме една група, ќелија од тројца што беа задоени со радикализам, припадници на ќелија од исламска држава Исил, или како сакате ќе ја на речеме, таа што во моментот наводно не постои, а практично постои. Таа беше токму во Куманово, надвор од градот, каде што истите се обучуваа. Дури и при нивното апсење, следење подолг временски период, беше откриено дека располагаат со нешто што не е типично за нашата држава, тоа се самоубиствени елеци. Тоа покажува дека ситео ние модели на тероризмот, сè она што го слушаме и го гледаме надвор од нашата држава, практично сме го имале и овде“, изјави Златко Димовски, професор на Факултетот за безбедност, Скопје, на Втората конференција на Асоцијацијата „Центар за антитероризам и мир-Гардиан“ од Куманово.
Димовски зборуваше за како функционираа терористичките групации во време на Ковид кризата, кога како пресуден фактор беше затвореноста на границите, истовремено со заканата по здравјето на луѓето.
„Самата Ковид криза до некаде ни даваше впечаток дека самииот тероризам не постои, со оптовареноста со информациите. Постојано ги добивавме информациите со Ковид кризата, секојденвно бевме преплавени со такви информации што ни требаа, колку има заболени, како се пренесува, и на тој начин медиумскиот простор беше преокупиран за да може да се искористи да се информира јавноста какви сè терористички закани постојат во светот. Мора да разбереме дека секојдневно во светот има терористички активности“, вели Димовски.
Димовски зборуваше и за протокот на мигранти низ наша територија и како Ковидот влијаеше на неа, но и она што сега е најголемиот проблем руско-украинската криза, кога има недостиг на информации колку од тие мигранти се задоени со терористички идеи и колку се инфлитрираат во западните земји со цел трерористички акти.
„Во условите на Ковид кога посебни мерки беа сами и во затворите, тој интезитет премногу стана голем. Имавме три случаи каде што идентификувавме класична радикализација која што оди кон насилен екстремизам, кој, пак, води до тероризам. Ги идентификувавме. Пронајдени беа лица што агитираа, веќе отслужија казна затвор, никакви мерки не беа преземени за нивна дерадикализација и сега ги имаме на слобода. Прво си ја завршија задачата во затворите, сега надвор си ја вршат задачата. Во тие услови на Ковид-кризата уште повеќе ги интензивираа своите кативности и сега иамме премногу радикализирани во затворот кои шри секое нивно излегување комуницираат со оние што ги радикализирале и проблемите ќе ги имаме дополнително“, вели Димовски.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски