• Latest

Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“ – видеото е монтирано

July 11, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Директорот на БЈБ не изјавил дека „Македонците ги нападнале Албанците“ – видеото е монтирано

July 11, 2022 09:35
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото што се споделува на Фејсбук е со невистинита содржина и монтирано, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Од оригиналното видео на телевизиски прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека за време на протестите „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“, анализира Вистиномер.

Во објава на Фејсбук се тврди дека Сашо Тасевски, директор на Бирото за јавна безбедност изјавил дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци во скопската чаршија“. Објавата се однесува на инцидентите кои се случија на 6 април за време на протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, кога на плоштадот Скендербег лицето Е.Ј. (40) извади пиштол и испука неколку куршуми, а дојде и до поголем судир меѓу групата лица и демонстрантите.

Во постот на Фејсбук, кој е придружен со медиумски запис од веб-порталот Скопје 1, каде е споделено и видео, пишува:

Ако молчиме како до сега, вака си ПОИГРУВААТ со нас! Сашо Тасевски, директор на Биро за Јавна Безбедност, човекот кој извади самиот пиштол во собрание против својот народ, за време на 27ми Април, изјавува сега дека Македонците ги нападнале мирољубивите албанци во чаршија.
КОЈ ГИ РАЃА ВАКВИ???

Станува збор за невистинa, односно за манипулирана, изменета содржина, односно директорот на БЈБ, Сашо Тасевски во својата изјава никаде не споменува дека „Македонците ги нападнале мирољубивите Албанци“. Видеото што се споделува е монтирано (altered content) и тоа може да се препознае и по гестикулациите на Тасевски, односно лесно може да се согледа дека тој не ја отвора устата во согласност со она што лицата кои го монтирале видеото сакале да го прикажат.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата Македонски национален фронт со наслов „Директорот на БЈБ: Масата народ сакаше да ги нападне Албанците“ и истото има над 29 илјади прегледи, повеќе од 100 коментари и околу 180 допаѓања.

Во монтираното видео, кое се однесува на тоа дали полицијата навремено и професионално одговорила за да ги спречи инцидентите, директорот на БЈБ наводно изјавува:

Тоа е од одреден ваш агол, кај што не ги гледаат сите полицајци. Таму има и во цивилка полицајци. Има и од крим полиција. Гледате колку е масата насилна и колкава бројка сака да ги нападне Албанците што си стојат мирно граѓаните.

Од логото на видеото може да се види дека истото е преземено од телевизија „Алфа“. Но, ако се отвори оригиналното видео од телевизискиот прилог, може да се чуе целата изјава на Тасевски, кој во ниту еден момент не споменува Македонци или Албанци, ниту пак тврди дека „биле нападнати Албанци кои си стоеле мирно“.

Во 1.44 минута од прилогот се емитува оригиналната изјава на Тасевски кој вели:

Тоа видео е од одреден ваш агол, каде што не се гледаат сите полицајци. Таму има и во цивилка полицајци, има и од крим полиција.

На прашањето на новинарот „како реагираат полицајците на инцидентот“, Тасевски одговара, „па еве гледате“, на што новинарот вели „не гледаме“, а Тасевски одговара, „па за тоа зборувам“. И тоа е целата изјава што може да се чуе од директорот на БЈБ во однос на инцидентот и начинот на кој реагирала полицијата.

Оттаму, поради горенаведените факти, може да се заклучи дека објавата што се шири на социјалните мрежи, а ја презеле и некои медиуми е со невистинита содржина, а видеото е монтирано, со цел граѓаните да бидат доведени во заблуда и изманипулирани дека наводно директорот на БЈБ зазема страна во однос на инцидентите кои се случија на 6 јули на плоштадот „Скендербег“.

Инаку, вооруженото лице кое испука неколку куршуми за време на инцидентите беше приведено, а Основниот крививен суд му одреди осумдневен притвор.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ