На барањето за оставка од премиерот Зоран Заев за вчерашните инциденти во затворот „Шутка“, директорот Ѓоко Котевски изјави дека ќе го реализира барањето.
„Барањето на премиерот е конечно и тоа ќе биде реализирано. Се надевам дека ќе има простор да ја завршам истрагата и дека ќе се покажат сите недостатоци кои веќе ги увидовме и потоа ќе биде реализирано барањето на премиерот“, изјави Котевски за ПлусИнфо.
Во 13 часот Котевски ќе даде изјава за медиумите пред влезот на затворот.
Мината вечер Котевски изјави дека веднаш ќе се почне со истрага, согласно протоколите за работа, за да се испита дали е направен некаков пропуст. Според изјавата на Котевски, доколку се утврди пропуст од припадниците на затворската полиција или од другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и ќе биде побарана дисциплинска одговорност.
Б. Ј.