• Latest

Директни, жестоки и голи

March 8, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Директни, жестоки и голи

March 8, 2018 10:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директни, жестоки и голи, ФЕМЕН храбро повикува на протест со единственото оружје доволно да ја открие вистината за машкиот свет: Градите.

Кои се всушност ФЕМЕН?

ФЕМЕН е меѓународно женско движење чии активистки секоја акција ја спроведуваат топлес, насликани со слогани и крунисани со цвеќиња.

Зошто разголени?

Затоа што активистките сметаат дека голиот напад е приказ на новата естетика на женската револуција, начин жестоко да се удри по патријархалниот поредок и да се надмине историскиот конфликт жена-систем.

Нивната мисија е протест, нивното оружје се голите гради, нивната примарна цел е победа над патријархатот.

Зошто патријархатот, затоа што го сметаат за последна форма на ропство. Според активистките од ФЕМЕН, тој е агресивен, нехуман, промовира диктатура, а зад кулисите се крие сексуалната индустрија под закрила на црквата.

Идејата на ФЕМЕН е да се промовира  нова револуционерна женска сексуалност, наспроти патријархалната еротика и порнографија и да се активираат жените во борбата за своите права.

Преку слоганот: „Моето тело е моето оружје!“ ФЕМЕН бараат непосредно политичко депонирање на сите диктаторски режими кои ги практикуваат сите форми садизам во однос на жените, целосно искоренување на проституцијата како исклучителна форма на експлоатација на жените и признавање дека сексуалната индустрија е најстариот и долгорочен геноцид против жените, целосно одделување на црквата од државата и забрана на каква било интервенција на верските институции во граѓанскиот, половиот и репродуктивниот живот на современите жени.

Нивниот начин на делување е секстремизмоте преку акции што ќе влијаат на  уништување на  патријархалното разбирање на тоа што е дестинација на женската сексуалност во корист на големата револуционерна мисија. Екстремната природа на секстремизмот има цел да покаже интелектуална, психолошка и физичка супериорност на активистките. Исто така, секстремизмот се дефинира како ненасилна, но многу агресивна форма на провокација, или како што велат од ФЕМЕН, деморализирање на оружјето што ги поткопува темелите на старата политичка етика и расипаната патријархална култура.

Меѓународното женско движење ФЕМЕН во моментот работи на легализација на националните FEMEN-групи ширум светот. ФЕМЕН е претставено од национални ограноци низ цела Европа. Активистките се обучуваат во центрите за обука во Украина и Франција.

Последната акција на ФЕМЕН беше на денот на гласање на изборите во Италија, кога со слоганот „Времето истече!“ активистка излезе пред Силвио Берлускони.

Б.Ј.

 

 

 

 

 

Tags: @активизамПротестФЕМЕН
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ