„Со самиот начин на којшто е регулирана работата на претставниците во Венецијанската комисија, членовите не даваат мислења и не учествуваат во работите кои се однесуваат на земјите од кои доаѓаат“, изјавија членовите на Антикорупциска на денешната седница на ДКСК.
ДКСК ја отфрли претставката како неоснована, а не е утврден прекршок ниту во начинот на предлагање на Дескоска како претставник на Северна Македонија во Венецијанската комисија.
Иако, номинацијата беше прифатена од Венецијанската комисија, ДКСК, сепак отвори предмет за спорното прашање дали Дескоска истовремено може да биде и министерка и членка во Комисијата што го имплицираше опозицијата. Христијан Мицкоски тогаш обвини за конфликт на интереси и ја повика Антикорупциската комисија да реагира.
М. И.