• Latest

ДКСК одлучи во корист на Силјановска: Академијата за судии треба да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

April 19, 2024
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДКСК одлучи во корист на Силјановска: Академијата за судии треба да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

April 19, 2024 19:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево донесе одлука со која и предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите.

–  Се задолжува Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на 130  слушатели, да ја стави во мирување до завршување на изборите за избор на претседател на државата и пратеници во Парламентот и Владата, се вели во одлуката.

Одлуката е донесена со четири гласа „за“ и еден „против“. Против одлуката е дозволена тужба во рок од 24 часа.

Против одлуката гласаше Софија Спасова Медарска, која ги образложи причините за нејзината одлука. Како што појасни, според Уставот, судската власт е самостојна, независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт и согласно тоа процесите што се одвиваат во рамки на правосудството, не би смееле да се доведуваат во врска и да зависат од политичките процеси, како што е изборниот процес.

Итноста и неопходноста од нови кадри во рамки на правосудството, како што изјави таа, можат да ја проценуваат и определуваат само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во чија надлежност е да ги следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација.

Спасова Медарска се осврна и на даденото мислење од страна на претходен состав на ДКСК, од кое смета дека не треба и не може да се отстапи, затоа што, нагласи, нема суштинска разлика во состојбите.

– Ова од причина што и тогаш и сега се работи за постапка за прием на слушатели на почетна обука во АСЈО и тогаш и сега истото било планирано и започнато пред изборите и тогаш и сега за истите претходно била обезбедена согласност за обезбедени финансиски средства за вработување и тогаш и сега предметната одредба од Изборниот законик е иста. Начелото на законитост му налага на органот да постапува исто во иста или слична правна ситуација. Ако во 2017 година, Државната комисија при иста или многу слична фактичка и правна ситуација дала мислење дека нема законска пречка да се реализира започната постапка за вработување, се поставува прашање како може сега да се смета дека истото постапување претставува повреда на законот, посочи Спасова Медарска пред гласањето.

На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен приговор од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Приговорот од Силјановска – Давкова беше  поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот беше вратен во ДКСК на повторно постапување.

Tags: ДКСК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ