• Latest

ДКСК: Сето она што не е со закон забрането, се користи за партиски активности пред официјалниот почеток на кампањата

September 22, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДКСК: Сето она што не е со закон забрането, се користи за партиски активности пред официјалниот почеток на кампањата

September 22, 2021 21:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска, на јавната дебата „Локални избори 2021 – Интегритет на изборниот процес и интегритет на учесниците” во организација на ДКСК, рече дека поради тоа што речиси секоја година се одржуваат некакви избори,  партиите стануваат доминантни во секојдневниот живот на граѓаните и влијаат врз креирање на мислењето или на нивното однесување.

– Ако политичките партии се креатори на начинот на живеење и однесување во една држава преку законите кои ги креираат и ги носат, и како и сите други треба да ги почитуваат и применуваат, зошто пред секои избори се изнаоѓаат начини, и сето она што не е со закон забрането, станува редовна пракса за промовирање на некои проекти, партиски активности и пред официјално да започне изборната кампања, праша Николовска. Со слични констатации претходно излезе и ЦИВИЛ, на онлајн прес конференција одржана на 21 септември.

Партиите, за да добијат што поголем број гласови, често пати даваат ветувања кои не се реални или се тешко изводливи. Уште повеќе што во програмите остануваат како жив доказ за нивното лошо планирање, односно за активности кои не се реализирани, потенцираше Николовска.

Таа денеска, на јавната дебата посветена на претстојните локални избори, посочи дека дел од градоначалниците со пари на општините вршат набавка на гориво за во приватни возила, кои ги користат за изборни активности.

– Знаејќи дека ДКСК воспостави механизам да следи дали службените возила се користат за потребите на изборите, некои од градоначалниците трошат општински пари за набавка на гориво, кое се точи во други приватни возила, кои се користат во партиски активности, коишто се почнати предвреме.

Таа рече дека ДКСК ги следи сите дојави за точење гориво од општински пари во изборни цели, ги евидентира, нотира, и согласно надлежностите на Комисијата, ќе се оцени дали има потреба од отворање на предмет, постапување и соодветно санкционирање.

– Сите дојави кои ќе пристигнуваат до нас во текот на овој изборен процес, понатаму ќе претставуваат иницијатива да креираме нови механизми за следење на сите средства, не само со кои располагаат општините, туку и другите институции, да ги направиме транспарентни во делот на трошењето на буџетски пари во предизборниот и изборниот процес, истакна Николовска.

Од ДКСК сметаат дека донекаде успеале да го решат проблемот со користење на службени возила за партиски активности и дека останува уште да се најде начин да се спречи користењето на горивото платено со општински пари а користено за приватни возила.

Како и предходно на прес конференцијата на ЦИВИЛ, и ДКСК констатира црна кампања во изборниот процес.

Потпретседателката Ниоловска се осврна и на негативната кампања, каде наместо да се зборува за тоа што се планира за во иднина, се фокусира на создавање црна слика за личноста, а со тоа на партијата. Николовска забележа и дека со користење на новите технологии за кампањи, како што се социјалните мрежи, портали.тие  најчесто се употрбуваат за  црна пропаганда, за оцрнување на некоја личност, односно за членови на ривалските партии.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ