• Latest

ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка

October 9, 2024

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка

Синот на Мицкоски не бил дел од официјалната државна делегација на НАТО Самитот во Вашингтон и истиот не присуствувал на ниту еден официјален состанок или средба која се одржала во рамките на НАТО Самитот, туку единствено присуствувал на предавањето кое го одржал неговиот татко претседателот на Владата на Република Северна Македонија на Универзитетот Џон Хопкинс, а по претходно упатена покана од страна на универзитетот, рече Богоевски.

October 9, 2024 14:08
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција на денешната онлајн седница соопшти дека по увидот во целокупната документација доставена од Владата на Република Северна Македонија во врска со патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон, САД, утврдиле дека наводите објавени во јавност не се потврдуваат и нема елементи за натамошно постапување по оформениот предмет од причина што ДКСК по извршената проверка не утврдила прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, односно не утврдила користење на буџетски средства за приватни цели.

Членот на ДКСК, Зоран Богоевски образложувајќи го предметот нагласи дека предметот е отворен по сопствена иницијатива, а врз основа на објавени информации во медиумите. Потенцира дека од Владата била побарана целокупната документација за реализираното патување, односно официјални покани, патни налози за членовите на делегацијата, финансиска и останата придружна документација. Исто така, како што рече, било побарано и образложение за тоа дали придружното лице било член на државаната делегација за посетата на САД и во кое својство тоа лице било на ова патување.

-При увид на документацијата ја утврдивме следната фактичка состојба: на 10.6.2024 година од страна на организацијата на НАТО била доставена покана за учество на државната делегација од Република Северна Македонија на НАТО Самитот одржан во Вашингтон, САД од 9 до 11 јули 2024 година. Државната делегација согласно утврдениот број на учесници во поканата ја сочинувале вкупно 21 лице – претставници од канцеларијата на претседателот на Владата, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон и Постојаната делегација на Република Северна Македонија НАТО. По завршување на НАТО Самитот, дел од делегацијата, односно 10 членови од 11 до 14 јули 2024 година биле на работна посета во Њујорк, додека останатите членови на делегацијата се вратиле во нашата држава.  Видно од документацијата, резервацијата на авио-билетите била извршена со посредство на Службата за општи и заеднички работи на Владата а по барање на канцеларијата на претседателот и министерствата кои имале свои претставници во официјалната делегација. Резервацијата се однесува на лицата наведени во списокот на учесници во официјалната делегација на Република Северна Македонија, вкупно 21 лице. Во овој список на лица не е наведено името на синот на претседателот на Владата, односно за него не се резервирани авио-билети преку Службата за општи и заеднички работи. За наведеното лице доставени се авио-билети за реализирано патување на релација Скопје-Вашингтон и Њујорк-Скопје за чие плаќање приложени се фискални сметки од извршено исплата во готово, рече Богоевски.

Богоевски нагласи дека по доставената документација за хотелското сместување на членовите на државната делегација, ДКСК констатира дека синот на премиерот не престојувал во истите хотели каде престојувале тие, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на Република Северна Македонија.

-Исто така, доставена е и документација која се однесува на хотелското сместување на лица од делегацијата наведени со име и презиме. Документацијата се однесува за хотелско сместување во Вашингтон и во Њујорк. Во однос на сместувањето на синот на премиерот доставени се две фактури кои гласаат на име на физичкото лице за сместување во Вашингтон за период од 6.6 до 11 јули 2024 година и сместување во Њујорк за период од 11 до 13 јули 2024 година. На фактурите стои печат 5 како потврда дека истите се платени. Од приложените фактури се констатира дека ова лице не престојувало во хотелите каде била сместена државната делегација, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на Република Северна Македонија како што е случајот со фактурите за хотелското сместување на државната делегација. Истите фактури гласат на име на физичко лице. Во образложението доставено во прилог на документацијата, наведено е дека лицето не било дел од официјалната државна делегација на НАТО Самитот во Вашингтон и дека истиот не присуствувал на ниту еден официјален состанок или средба која се одржала во рамките на НАТО Самитот, туку единствено присуствувал на предавањето кое го одржал неговиот татко претседателот на Владата на Република Северна Македонија на Универзитетот Џон Хопкинс, а по претходно упатена покана од страна на универзитетот, рече Богоевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ