• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

ДКСК: За борба против корупција неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела

January 29, 2021
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК: За борба против корупција неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела

January 29, 2021 13:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Република Северна Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од 5 места на ранг листата на земјите. Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се 7 извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи, соопштува Државната комисија за спречување на корупција во врска со перцепцијата на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел.

Од ДКСК велат дека она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во справувањето со корупцијата, иако декларативноста е секогаш високо изразена.

„Но за ефикасна борба покрај нормираниста и декларативноста неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела и што е уште поважно, посветеност и проследување на случаите на корупција и судир на интереси. Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сè уште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025“, се вели во нивното соопштение.

Нагласуваат дека за успешно завршување на детектираните случаи и надминување на воспоставените негативни состојби неопходна е и спроведливост на нејзините препораки, укажувања и иницијативи од страна на надлежните институции.

„Но за успешно завршување на детектираните случаи и надминување на воспоставените негативни состојби неопходна е и спроведливост на нејзините препораки, укажувања и иницијативи од страна на надлежните институции. Токму тоа е констатирано и препорачано и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот од 2020 година“, соопштува ДКСК.

Два неславни рекорда сруши Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата за 2020 година на Транспаренси Интернешнл (ТИ). Заедно со Босна и Херцеговина, Македонија се наоѓа на 111 место од вкупно 180 рангирани држави на овој индекс. Воедно, на Индексот за 2020 година Македонија го бележи најнискиот резултат и најниското рангирање досега од 2001 година, кога бевме за првпат рангирани на Индексот за перцепција на корупцијата, информираат од Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Сепак, од Транспаренси Интернешнл велат дека земјава лани имала непроменет број на поени во споредба со 2019 година, односно 35. Тоа што се нашла со ист број на поени подолу на листата на Индексот за перцепција на корупцијата значи дека други земји низ светот лани оствариле подобри резултати во борбата против корупцијата. Заедно со Македонија и Босна и Херцеговина, со идентичен број на поени сме во групата со Монголија и Панама.

За формирање на резултатот користени се податоците од 7 истражувања спроведени во последните две години. Станува збор за нови истражувања спроведени во 2019 и 2020 година, од релевантни организации и на основа на утврдена и проверена методологија. Притоа, не се забележани големи осцилaции во однос на бодувањето од минатата година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ