• Latest

ДКСК: За надминување на корупцијата потребно е подигнување на свеста на сите чинители во општеството

January 31, 2020

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: За надминување на корупцијата потребно е подигнување на свеста на сите чинители во општеството

January 31, 2020 12:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Извештајот на индексот на перцепција на корупцијата за 2019 година од Транспаренси интернешнл е пресметан врз база на 7 извори на податоци од 7 независни инстицуии специјализирани во областа на управувањето како и анализа на бизнис климата и дека резултатот се формира врз основа на показатели од последните две години, односно врз основа на проценета корупција во јавниот сектор“, изјави денеска на прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Ивановска изнесе дека генералните забелешки утврдени на глобално ниво соодвестуваат и со забелешките за нашата држава, а кои се однесуваат на високо ниво на политичка корупција, недоволна транспарентност во работењето на јавниот сектор и управувањето со судирот на интереси како и недоволен капацитет и неефикасност на контролните и регулаторните тела.

„Според резултатите, најслаби оценки сме добиле од Economist Intelligence unit EU, во делот влијание на политиката врз економијата и бизнисот, 19.79 поени и Varieties of Democracy Project VDP 27.53 поени во делот на демократските процеси“, изјави Ивановска.

Според неа, за надминување на овие состојби треба да се вклучи целото општество, а особено треба да се остави простор за работа на независните тела, како што е и ДКСК.

Една од надлежностите на ДКСК е следење на финансирањето на политичките партии, кој е многу важен сегмент од наодот влијание на политиката во економијата и бизнисот, бидејќи вообичаено главните финансиери на партиите подоцна се јавуваат како економски оператори кои ги добиваат тендерите.

„Постојат ефикасни начини за следење на овие текови на пари, кои за жал сè уште не можеме да ги ставиме во функција, поради проблемите кои веќе цела година ги предочуваме на одговорните во државава, како и на јавноста“, додаде Ивановска.

Таа додаде дека исто така е неопходно и да се зајакне меѓу институционалната соработка, како и да постои ефикаска примена на внатрешни процедури и функционирање на контролниот систем, а како најважен момент, според неа, е подигнување на свеста на сите чинители во општеството, особено оние кои се бават со политика.

Ангела Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ