Делегација на Северна Кореја отпатува за Москва, каде со руските претставници ќе разговара за „заедничка соработка“, објави на Фејсбук Амбасадата на Руската Федерација во Северна Кореја.
Руската амбасада не соопшти детали за средбата, но руската новинска агенција ТААС наведе дека причината за патувањето на севернокорејските дипломати во Москва е разговорот за заедничко организирање на церемонија по повод 70-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу двете држави.
И покрај големиот број санкции кон Пјонгјанг, Русија продолжува да ја снабдува Северна Кореја со гориво.
Руска делегација во декември минатата година беше во посета на Пјонгјанг.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.