• Latest

Делегитимизирај и попречи: Напад врз граѓанското општество во Унгарија и Македонија

March 28, 2017
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Делегитимизирај и попречи: Напад врз граѓанското општество во Унгарија и Македонија

March 28, 2017 12:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Популистичките и националистички политичари во Централна и Источна Европа вршат напад врз граѓанското општество: целта е да се замолчат критичарите и да се поткопаат продемократските и антикоруптивните групи кои ги повикуваат владите на одговорност, пишува Катал Шерин, новинар и писател, член и истражувач на Меѓународниот ПЕН Центар, на сајтот IFEX на Глобалната мрежа за одбрана и промоција на слободно изразување, инаку стипендист на Фондацијата Отворено општество. Шерин потенцира дека „…малтретирањето на граѓанските организации во Македонија и Унгарија, открива очигледно ехо од прогонот што го претрпеа нивните колеги во Русија – како во однос на јазикот кој се користи за да ги стигматизира, така и во тактиките донесени за да се замолчат“.

Граѓанското општество е нападнато во различни делови на Централна и Источна Европа. Оружјето е реторичко, а понекогаш, и регулаторно; целта е да се поткопа и да се попречи оперативниот капацитет на организациите за човекови права и на продемократските групи. Судирите најчесто се одвиваат во земјите каде што популистичките, често националистички политики, имаат силна основа.

Нападот е предводен од владите, од избрани функционери и од нивните поддржувачи. Тие се фокусирани на граѓанските организации кои добиваат средства од странски извори. Во некои случаи, тие ги издвојуваат оние кои добиваат пари од Фондацијата Отворено општество (ФОО), чиј основач и претседател е Џорџ Сорос, индивидуалец, чија филантропија се фокусира на промовирање на демократските идеали и начела. Граѓанските организации кои примаат средства од странство се стигматизираат како работа на „странски агенти” против националните интереси; овој процес на намерна делегитимизација е потенцијално поставување на темелите за идните остри мерки.

Ова се случува во различни степени во Романија, Полска, Словачка и Србија. Но, двата најголеми прекршители/напаѓачи се Унгарија и Македонија.

Унгарија

Во декември 2016 година, Виктор Орбан, премиерот на Унгарија и водач на десничарската, антиимигрантска, популистичка партија Фидес, даде интервју за онлајн публикација во која тој ги предупреди граѓанските организации дека наредната година ќе бидат негова цел. „Каде се парите?”, рече тој, „со кои тајни служби се поврзани тие, и за чии интереси служат граѓанските организации, сите ќе бидат откриени“. Орбан тврди дека овие организации сакале да донесат стотици илјади имигранти во Европа.

Заменик претседателот на Фидес, Силард Немет, беше дури и поискрен од Орбан, критикувајќи го конкретно, Џорџ Сорос: „Псевдограѓански организации на Соросовата империја се финансираат за да им помогнат на глобалниот голем бизнис и светот на политичка коректност, со газење преку главата на националните влади. Овие организации мора да бидат истиснати со сите можни средства“. Немет, исто така, рече дека членките на IFEX, на Унгарската унија за граѓански слободи, на Хелсиншкиот комитет и на организацијата за борба против корупцијата на Транспаренси Интернешнел, треба да се „исчистат” од земјата. Уште позагрижувачки се изјавите на владините потпароли кои ги опишуваа граѓанските организации како „безбедносен ризик“, или дека соработувале со терористи.

Овие вербални напади не се ограничени само на партијата Фидес. Пратеник на Демохристијанската народна партија неодамна ги обвини граѓанските организации дека служат за политички цели и побараа тие да бидат строго регулирани. Биле преземени подготвителни чекори токму тоа да се направи.

Во декември 2016 година, заменикот премиер доставува до унгарскиот парламент законодавна агенда со внесена нова измена на законот која, ако биде усвоена, ќе ги принуди сите лидери на граѓанските организации да ги регистрираат своите средства (како мерка за борба против корупцијата). Ова беше проследено со соопштение во февруари 2017 година, според кое, пратеничката група на Фидес ќе воведе „транспарентност” – таргетирање на граѓанските организации преку нивните сметки; а привидната цел на овој Предлог-закон ќе биде да се обезбеди унгарските граѓани „да знаат дали овие организации сакаат да го употребат своето влијание во Унгарија со помош на странски средства”. Непочитувањето од здруженијата на граѓани ќе резултира со отповикување на даночниот број, што значи дека нема да бидат во можност повеќе да работат во Унгарија.

Унгарската унија за граѓански слободи, која е постојано насочена кон јавните изјави на политичарите, испрати дрзок одговор во февруари 2017 година: „Владата сака да создаде нови пречки да ја попречи работата на организации кои се од клучно значење со своите активности. Под изговор на транспарентност, Владата, всушност, ја доведува во прашање легитимноста на критичните организации… Ние работиме за сите унгарски државјани на кои им е потребна поддршка против нарушувањата (на правата) и запоставувањето извршено од Владата. Унгарската унија за граѓански слободи ги штити правата на оние кои, на пример, зборуваат против влошувањето на условите на здравствената заштита, или чии хендикепирани деца не успеваат да добијат соодветно образование. Ние ја работиме работата на унгарската Влада, она со што таа би требало да се занимава, наместо да го доведува во прашање легитимитетот на независните организации. Имаме секојдневни искуства во врска со повреди на правата; нашата правна служба добива околу 2.300 барања во една година. Наша должност е да го засилиме гласот на овие лица во барањето на структурни промени, или да ги претставуваме, наспроти авторитарните или државните малтретирања. Кога се обидува да не елиминира и стигматизира, Владата, исто така, им испраќа порака на овие луѓе, велејќи дека тие не се важни. Со обновената клеветничка кампања против граѓанските организации, Владата се обидува прашањата кои ги опфаќа Унгарската унија за граѓански слободи да ги стави под ќилим“.

Македонија

Во Македонија, властите веќе го зголемија административниот товар на граѓанските организации, со прилично очигледен обид за парализирање на нивната работа. Ваквата политика е придружена од вербални малтретирања веќе видени во Унгарија. Поранешниот премиер и актуелен шеф на националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство), авторитарниот Никола Груевски, отворено повика на „десоросоизација на општеството“, велејќи дека не треба да им се дозволи на туѓите интереси да доминираат во јавната сфера. Груевски ги обвинува граѓанските организации, финансирани од страна на Фондацијата Отворено општество, дека се обидуваат да ја поткопаат неговата влада, како и дека се виновни за тековната криза која ја остави Македонија во политичка неизвесност. Кризата, всушност, се создаде бидејќи претседателот Ѓорге Иванов (член на ВМРО-ДПМНЕ), одби да ги повика опозициските партии да формираат коалициска влада, по изборите во 2016 година. Неговите критичари велат дека причината е стравот на неговата партија од истрагата и од кривичното гонење за нејзината улога во скандалот со прислушувањето и корупцијата од 2015 година.

Ставовите на Груевски ги дели и експлицитното анти-Сорос движење, со блиски врски до ВМРО-ДПМНЕ, кое започна со работа во јануари 2017 година. „Стоп операција Сорос“, исто така, повикува на десоросоизација на општеството, обвинувајќи ги граѓанските организации, финансирани од Сорос, дека соработуваат со централно-левичарската партија за поттикнување на насилни протести и дестабилизирање на земјата. Овој „лов на вештерки“ оди рака под рака со подмолните тактики и малтретирањето. Во февруари 2017 година, СОС лажно тврдеше дека непартиската граѓанска организација „Метаморфозис“, исто така член на IFEX, добивала „милиони“ од Сорос, како и дека работи според политичка агенда. Во јануари 2017 година, домаќин на една ТВ емисија и истакнат поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук  објави адреси на истакнати критичари на власта, вклучувајќи го и поренешниот шеф на Фондацијата Отворено општество Македонија. Адресите беа впишани  врз фотографија на една историска фигура позната по убиствата на „предавници“ во Македонија, со зборовите: „Оваа слика не е случајна“. Кон крајот на 2016 година, група блиска до ВМРО-ДПМНЕ организираше јавна кампања за заплашување, именување на десетици „платеници“ и дистрибураше летоци со испишани лаги за нив.

Неодамна, Управата за јавни приходи на Република Македонија започна финансиски истраги за 21 граѓанска организација, вклучувајќи ја и „Метаморфозис“. Иако законската основа за истрагите не е јасна, квантитетот и деталните информации се огромни, барајќи од организациите да посветат многу од своето време (понекогаш и сето) и средства, со цел да дојде до застој на нивната работа. Некои од понесреќните граѓански организации се наводно под кривична истрага за наводно незаконско финансирање на изборниот процес.

Во март 2017 година, „Метаморфозис“ беше една од 122 граѓански организации која потпиша јавна изјава во знак на протест на координираната кампања за делегитимизирање на работата на граѓанските организации во Македонија и апелираше за поддршка од јавноста: „Граѓанскиот сектор, како важен фактор во општеството, е постојан коректив на сите влади од осамостојувањето на Македонија до денес, а насоките кои оваа земја може да ги земе, доколку овој столб е загрозен или ослабен, се застрашувачки… Цврсто верувајќи во вистинските вредности на демократијата, во моќта на гласот на поединецот и на вредноста на различните мислења, ги отфрламе како неточни … обвинувањата против организациите … кои се означени како ‘деструктивни инсталации, платеници и банди’. Оркестрираните државни контроли врз финансиското работење на десетици организации истовремено (дава) впечаток на намерен притисок, страв и оштетување на секторот за слободно граѓанско општество”.

 

Што е следно?

Не е тешко да се види во која насока оди она што се случува во Унгарија и Македонија и каде тоа може да доведе. Малтретирањето на граѓанските организации не е ништо ново: дваесеттиот век е полн со примери на авторитарни влади, кои се обидуваат да го оковаат граѓанското општество, како начин за цементирање на политичка моќ. Но, не е потребно да се консултираат учебници по историја за да се предвиди можната иднина: малтретирањето на граѓанските организации во Македонија и Унгарија открива очигледно ехо од прогонот што го претрпеа нивните колеги во Русија, како во однос на јазикот кој се користи за да ги стигматизира, така и во тактиките донесени за да се замолчат.

Во 2012 година, Русија донесе т.н. закон за „странски агенти” што бара од сите граѓански организации кои добиваат средства од странство и кои учествуваат во „политичка активност” (многу лошо дефиниран поим) да се регистрираат како „странски агенти”. Според „Хјуман рајтс воч“ (HRW), моментално има 103 организации на оваа листа. Во пракса, овој закон прави две работи: прво, тој ги заглавува руските организации за човекови права во тешки административни активности, а со тоа, им го попречува вршењето на својата работа; второ, тој ја зацрнува нивната репутација – фразата „странски агенти” се поврзува со шпиони или „непријатели на државата” во руската народна имагинација. На граѓанските организации идентификувани како такви, често се гледа со недоверба и може да бидат подложни на непријателство (вклучувајќи и напади врз нивната сопственост) од националистичките групи.

Во 2015 година, Русија  ја забрани работата на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос на нејзината територија, прогласувајќи ја за непожелна организација што ја поткопува руската безбедност.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „странски агенти“IFEXВМРО-ДПМНЕдесоросоизацијаМакедонијаРусијаСоросСОСУнгаријаФидесФООМХјуман рајтс воч
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ