• Latest

Демократија е икебана

March 2, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025

МНР: Македонец од Кочани најден мртов во Љубљана, полицијата истражува дали бил претепан

October 6, 2025
Меѓународна конференција „Сегашноста и иднината на Украина. Улогата на коалицијата на волните во поддршката на Украина“, Рим

Меѓународна конференција „Сегашноста и иднината на Украина. Улогата на коалицијата на волните во поддршката на Украина“ во Рим – Парламентарната дипломатија на дело

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Демократија е икебана

March 2, 2018 16:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„’Демократијата во Македонија е само икебана!’, изјави пред неколку години професорот на политички науки на скопскиот Правен факултет ‘Јустинијан Први’, (тогаш) 49-годишниот Ѓорге Иванов, кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наследник на Бранко Црвенковски“, се вели во портретот на Иванов што го направил во март 2009, нашиот колега Синиша Станковиќ.

Иако, ако нема проблеми со одѕивот, според резултатите од првиот круг, засилени со ангажираноста на сите лостови на власта, со тажната ситуација со повеќето медиуми, со односите во опозициониот СДСМ и, секако, со „или ќе врне, или нема да врне“ – баењата на бројните рејтинг-агенции, тивкиот валандовчанец, најверојатно, и ќе биде првиот станар на новата претседателска резиденција, начинот на кои тој беше катапултиран во врвот на македонската политика, ги отвори прашањата за мотивите на „украсите“ во македонската икебана-демократија, како и за мотивите на вистинските повлекувачи на конците од сенка, поради чии нервозни или несмасни движења, оние на сцената неретко испаѓаат смешни. Трансформацијата на Иванов од омилен професор меѓу студентите во балкански политичар од македонска насока, за жал, ќе биде можеби и побрза отколку што се чинеше на почетокот, но се’ досега, и покрај сите напори на неговите поддржувачи да го моделираат во „еден од нас“ – за со сите сили и здружени напори да успеат да го продадат како „еден за сите“, Иванов засега, не е политичар. Или, обидувајќи се да не стане типичен политичар, а сепак, да го победи Љубомир Фрчкоски (сосе сопствената опсесија – Црвенковски), како да се прпелка во (наметнатата?) улога.

ДИЈАЛЕКТИКА Професорот кој во 2004 година предупредуваше дeка „во една тотална изместеност, Македонија само привидно функционира како држава“, а всушност, се работи „за автархичност во која системот си постои сам за себе“, и дека „ситуацијата е зрела за некој да дојде и да ги фати за уши нашите политичари – за некој вид благ протекторат“, денес, навистина главно избегнувајќи конкретни одговори на отворените прашања, блика од оптимизам. Иако неговите оцени за автархичноста и за благиот протекторат (особено на економски план) се извонредно свежи и актуелни и за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и можеби премногу благи за ќор-сокакот кој како единствена опција ни го нуди актуелната власт, Иванов денес живее во друг филм. Потеклото на огромните дози инјектиран оптимизам од митинзите 2009 година засега е непознато. Но, однесувањето на Иванов за време на кампањата беше како тој да не живеел последните неколку години во земјата во која сака да стане претседател.

Нервозните испади и гафовите можат делумно и да му се простат, како на неопитен политичар, кој со политика директно се занимавал пред две децении во еден поинаков систем (идеолошки, но и на вредности) и кој на денешната македонска политичка сцена едноставно не знае или не сака да се снајде. Но, токму тоа остава широк простор за заткулисни манипулации, со кои Иванов лесно може да биде сведен само на исушен цвет во „рекламократијата“, која со народни пари немилосрдно ја спроведува икебана-мајсторот, и далеку поопитниот за македонското сфаќање на политиката – Никола Груевски.

НЕРВОЗА Жестокоста со која Иванов и пред да се појави како формален кандидат на ВМРО-ДПМНЕ се залагаше за поскоро заминување на Црвенковски од функцијата, клетвите за млекарите кои се дрзнале да го исвиркаат голиот газ на кралот и покрај катадневните бајки за неговото ново руво, рафално раскажувани од кројачите на нашите судбини и од медиумските подопашници, како и грубиот напад и заканите за земјакот Ружин (со што, и не сакајќи, Иванов, онака адреналински, го соголи начинот на кој размислуваат партиските „спин-доктори“, кои се’ уште повеќе ги интересира мртвата коза на комшијата од сопствениот двор), ја срчосаа проектираната слика за него како донкихотовски борец против неправдата, која избирачите – етнички Македонци требаше да ја митологизираат следните пет години. Бегањето од соочување со агресивниот и често малициозен Фрчкоски, пак, и повеќе од клетвите како симболи на немоќните, го прикажаа професорот Иванов и во една нова светлина. Во улога која не му личи. На човекот кој само пред неколку години изјавуваше дека „самиот начин на носење одлуки во Македонија бара поинаков вид политичари – трпеливи, толерантни, кооперативни, политичари-дипломати“, најмалку му требаа агресивни испади пред ТВ-камери или на куртоазни заеднички појадоци.

И како цел на жестоките напади и навреди од конкурентите во досегашниот тек на кампањата (Ѓоле – „The Who“, „постер-кандидат“ – Фрчкоски; „падобранец“, „јаничар“ и „турист во ВМРО-ДПМНЕ“ – Бошкоски), Иванов, сепак, останува една од ретките светли точки во сивилото на скопскиот Правен факултет. И на крајот од осумдесеттите и почетокот на деведесеттите (кога заедно со неговиот сегашен конкурент Фрчкоски и со Јане Миљовски беше дел од демократските промени), но и во времето на мрачното едноумие на СДСМ, 1995-1998 година, и во неговиот постепен личен транзиционен период од левичар во десничар, 2003-2004 година. И како активист во југословенската младинска организација и како стручен соработник во тогашните општествено-политички организации, Иванов ги ширеше идеите на цивилното општество, создавајќи и во Македонското радио и на УКИМ имиџ на ненаметлив експерт, чии анализи им помагаа на новинарите, но и на дел од политичарите. Со таква биографија, иако како професор на политички науки, д-р Иванов веројатно е стручњак и за транзитологија, тешко дека ќе може на луѓето кои го познаваат подолго од три месеци да им ја објасни сопствената транзициона крива: од „Младина“ и Ѓинѓиќ до професорот Шкариќ, антиквизацијата и самоизолацијата…

МОТИВАЦИЈА Навистина, во едно интервју пред пет години, покрај приказната за среќното детство со двајцата дедовци од кои едниот му ја раскажувал Библијата, а другиот, кој како турски војник бил на фронт во Египет и на сургун во Ерусалим, баба му го чекала 12 години, Иванов ни потенцираше и дека потекнува од типично македонско семејство и дека на тогаш 12-годишниот син, љубител на античка Македонија, „каде и да одам во странство, му носам книги, и има цела библиотека дела за Александар Македонски“. Така, сите обвиненија на политичките противници дека и кај него се работи за новокомпониран македоноиден синдром паѓаат во вода. Поблиску до логиката е дека токму неговите ставови дека „антиквизацијата постои со тоа што сме Македонци“, (покрај разочараноста во СДСМ, нетрпеливоста кон Црвенковски и лутината поради акцијата „Југ“), го приближија овој некогашен левичар до трансформираните „вмровци“, до лупинг-мајсторите на релација левица-ВМРО и до нивниот заеднички неприкосновен лидер.

Од насмеаните млади лица во неговиот штаб на главната скопска улица може да се чуе дека професорот Иванов е едноставен човек и традиционалист, дека е ново, чисто лице на политичката сцена и самосоздаден политичар, кој со сопствен труд ги прескокнал сите пречки на патот од внатрешноста до Скопје, како и во стратификацијата на македонското општество… Иако по долгогодишното познанство со Иванов, не верувам во црно-бел одговор на наметнатата дилема на дел од македонските блогери – дали трансферот од политиколог во политичар мора да се сведе на трансфер од криминолог во безмалку криминалец, сепак, на избирачите и особено на оние кои го познаваа(т), професорот би требало во вториот круг на кампањата барем да се обиде да им одговори на дел од отворените прашања. Како во новата реалност ќе комуницира со албанската политичка елита, иако не беше воодушевен од „таканаречената постохридска Македонија“, а неговото оддалечување од левицата и започна со процесот на територијална реорганизација? Како ќе кохабитира со премиер кој од предизборните први лопати нема време ни да чита, дури ни изјави на поддржувачите на Македонија? Ќе се согласи со улогата на втора виолина во one-man-show на Груевски? Како една едуцирана личност како него ќе го издржи сеењето магла со новокомпонираната историја, карикатурален триумфализам и еуфорија кои се закануваат да ја избришат Македонија од мапата на светот? Како конкретно ќе го решава проблемот со името? (Зашто фразите од типот: „Ќе го поттикнувам процесот на конструктивно решение кое ќе ги задоволи двете страни“ – никому ништо не му значат, а тој и самиот пред пет години констатираше дека Македонија веќе нема време!)

И во последниот кус разговор во петокот пред изборите, додека мобилките на неговите бодигарди, веројатно зајмени од партијата, ѕвонеа ли ѕвонеа, професорот беше дециден дека „во главите на многу политичари постои целосна конфузија, меѓутоа, ако се биде конструктивен, кооперативен и иновативен, процесот (околу името – н.з) може да се доведе до крај“. Со искрена надеж дека Иванов не е конфузен и дека може да биде конструктивен политичар, препрочитав една негова изјава од пред неколку години: „Македонската политика им е оставена на сурови луѓе кои безмилосно ќе газат и по трупови само за да останат на власт“. Кога ли се промени ситуацијата?

 

Проект Хунзи Професорот Иванов не ги прифаќа обвиненијата дека стои зад проектот за антиквизација и дека „ги донел Хунзите“. Вели дека се работи за проект на бизнисменот Владо Ралев во кој учествувал токму Фрчкоски, кој требало и да им се обрати на гостите од Пакистан. А, на прашањето зошто не го употребиле тоа во кампањата, луѓето од неговиот штаб во глас одговараа дека не сакале никого да напаѓаат, дека е добро тоа што Хунзите биле гости на Македонија, но дека не е убаво тоа што Фрчкоски му го припишувал сопствениот ангажман како грев на Иванов…


Извор: ГЛОБУС 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: демократијаЃорге Ивановикебанапортрет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ