Околу 1.500 демонстранти синоќа фрлаа тоалет хартија кон зградата на романската Влада, во знак на протест против Предлог-закон со кој се предвидува во иднина министерот за правда да го именува Јавниот обвинител, без можност претседателот на државата да влијае врз изборот.
Според опозициските демонстранти, оваа одредба ќе доведе до потчинување на судството од Владата.
Демонстрантите се организираа преку социјалните мрежи и протестираа од Плоштадот на победата до Парламентот и до седиштето на Владата.
„Не сакаме да бидеме нација на крадци!“ и „Излезете од домовите!“ беа паролите на демонстрантите кои носеа и фотографии од лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), Ливиу Драгнеа и други функционери, облечени во затворски униформи.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.