• Latest

Ден на човековата солидарност: Газење на човековите права, сиромаштија, омраза, уништено здравство, образование и животна средина!

December 20, 2016
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ден на човековата солидарност: Газење на човековите права, сиромаштија, омраза, уништено здравство, образование и животна средина!

December 20, 2016 15:18
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на човековата солидарност, којшто Обединетите нации го посветуваат на почитување на различностите, човековите права, искоренување на сиромаштијата, гладот и болестите, заштитата на планетата и обезбедување на достоинствен живот за сите луѓе, Македонија го пречекува со секојдневно кршење на основните човекови права и слободи, со голема омраза и несолидарност помеѓу граѓаните различни по етничка, верска и друга припадност, со една третина на населението што живее под прагот на сиромаштијата, со животна средина која се уништува секојдневно и безмилосно, со деградиран образовен систем кој е на дното на светските ранг-листи, како и со здравствен систем кој наместо да спасува, чини животи.
Како што се вели во објавата на ООН по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековата солидарност, овој ден треба да биде ден за прослава нашето единство во различноста. Ден кога ќе ги потсетиме владите да ги почитуваат своите обврски кон меѓународните договори. Ден кога треба да ја подигнеме јавната свест за значењето на солидарноста. Ден за да се поттикне дебата за начините и промовирање на нови иницијативи за градење на солидарноста и искоренување на сиромаштијата.

За жал, ЦИВИЛ – Центар за слобода констатира дека сите овие вредности брутално се газат во нашата земја. Македонија е повеќегодишен заложник на општествена, економска и политичка криза произведена од криминализирани политички структури, кои ги заробиле институциите и целото општество. Тие структури нудат делби наместо инклузивност, нудат омраза наместо солидарност, произведуваат нееднаквост и сиромаштија наместо благосостојба и просперитет, а наместо почитување и заштита, негуваат култура на неказнивост и на кршење на човековите права и слободи.

Ја користиме оваа прилика да го кренеме нашиот глас уште еднаш и гласно да ги потсетиме институциите на Република Македонија и сите релевантни политички чинители кои имаат пресудно влијание на случувањата во нашето општество, дека нашата држава, како и другите земји – членки на Обединетите нации, ги прифати Целите за одржлив развој, што е нова, инклузивна агенда за развој, наследник на Милениумските развојни цели, чија цел е искоренување на сиромаштијата, заштитата на планетата и обезбедување на достоинствен живот за сите. Новата агенда е фокусирана на луѓето и планетата, базирана на човековите права и поддржана од глобално партнерство, решено да ги извлече луѓето од сиромаштија, глад и болести. Како што се вели во овогодишната објава на Обединетите нации, оваа агенда ќе се гради базирајќи на глобалната соработка и солидарност. Потсетуваме дека иако е потписник на овие светски документи, освен формално учество во проекти на ОН кое не рефлектира суштински во работата на нашите институции, власта во Македонија не направила речиси ништо за спроведување на овие цели!

Затоа, да престанеме со поделбите, омразата, непочитувањето на правата и слободите, уништувањето на животната средина и општеството во целина! Институциите на земјата, но и политичките актери пред сè, треба да се фокусираат на произведување на решенија, а не на кризи! А патот до излезот од оваа состојба води преку дијалог, меѓусебно почитување и солидарност. Граѓанките и граѓаните на Република Македонија го заслужуваат тоа, и ништо помалку!

Tags: Меѓународен ден на човековата солидарностООНЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ