ТЕМА НА ДЕНОТ
Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија
Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата, Северна Македонија покажа одлучност и издржан напредок, изјави Вархеји пред европратениците.
Вархеји: Издржан реформски напредок на Северна Македонија кон ЕУ
Европската Комисија со различен став од ВМРО-ДПМНЕ во однос на Државната комисија за спречување на корупцијата
Очигледни се разликите во ставовите на Европската Комисија и на ВМРО-ДПМНЕ во однос на делувањето на Антикорупциска.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Папата Франциск на неговата неделна општа аудиенција во средата ги осуди руските „немилосрдни бомбардирања“ на украинските градови и ги повика „оние кои ја имаат судбината на војната во свои раце“ да престанат.
Папата ги осуди руските „немилосрдни бомбардирања“ на украинските градови
Руските војници изминатиот ден убија шест жители на регионот Доњецк, седум цивили загинаа во непријателско гранатирање на регионот Запорижја, додека во руските напади на Никопол едно дете е тешко повредено.
СВЕТ
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, зборувал со рускиот претседател Владимир Путин пред да ги каже своите идеи за разрешување на војната во Украина, кои главно се поклопуваат со барањата на Путин, објави синоќа изданието Форбс.
„Форбс“: Маск разговарал со Путин пред да ги објави своите идеи за крај на војната во Украина
Со денешната судска одлука 77-годишната добитничка на Нобеловата награда за мир има досега вкупно 26 години затворски казни и тоа за корупција, поттикнување, кршење на правилата за Ковид-19, изборна измама и кршење на актот за службена тајна.
Судот во Мјанмар повторно ја осуди Аунг Сан Су Чи на затвор, овој пат на три години за корупција
РЕГИОН
Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, една недела пред конститутивната седница на 48. Народно собрание, на неформален состанок, претставници на седумте парламентарни партии разговарале за тоа како ќе се одвива првата седница, закажана за 19 октомври.
Србија уназадува во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика
Во новиот годишен извештај што ќе биде објавен денеска, Европската комисија оценува дека во Србија е забележано уназадување во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, истакнувајќи дека некои изјави и постапки на високи српски претставници се во спротивност со надворешната политика на ЕУ.
Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРИЗНАНИЕ Претседателот Стево Пендаровски денеска прими средношколци кои победија на годинашното македонско суперфинале од 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА, информираат од претседателскиот кабинет.
Пендаровски ги прими победниците на „НАСА спејс апс челинџ 2022“ во Северна Македонија
ИНВЕСТИЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Северна Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза, информираат од владината прес служба.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои процедура за заштита и превенција од сексуално вознемирување, како континуитет на интегрирање на родовите аспекти во Комисијата, поддржано од ОБСЕ.
ДИК усвои процедура за превенција и заштита од сексуално вознемирување на вработените
ЕНЕРГЕТИКА Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Васко Ковачевски: Дури и да има поскапување на струјата по Нова година, тоа ќе биде минимално
СЛОБОДНА ЗОНА
Злосторничкиот поход на Русија против Украина е неморален и нечовечен чин. Оваа војна ги содржи сите зла и сиот апсурд на современиот свет, но и многу повеќе од тоа. Се работи за војна меѓу мрачното минато и иднината, самиот опстанок на светот. Ова не е регионална војна, туку светска војна во која агресор е држава со диктаторски режим. Таа држава е нуклеарна сила и членка на Советот на безбедноста на ОН. Самите темели на светскиот поредок и на човечката цивилизација се разнишани од корен., пишува Џабир Дерала во колумната „Морална и човечка обврска“.
Д. Варошлија












