Поради извонредно динамичната и интересна агенда на Семинарот за стратешко планирање, планирање, едукација и градење партнерства: „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ кој ЦИВИЛ го организира во наредните два дена (14 и 15 август), терминот за редовниот Дневник на ЦИВИЛ Медиа се поместува за 90 минути, односно ќе биде објавен во 18:30 часот.
Дежурните екипи на ЦИВИЛ Медиа ќе продолжат будно да ги следат дневно-политичките случувања во земјата директно од семинарот кој ќе се одржува во Велес, а на кој специјални гости ќе бидат првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Останете со нас на вашата омилена медиумска платформа.
ЦИВИЛ Тим за комуникации