• Latest
„Граѓански објектив“ во Битола, настан на отворено, 2016 година (Архива на ЦИВИЛ )

Транспарентноста и одговорноста во политичките процеси во фокусот на ЦИВИЛ

August 13, 2019
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Транспарентноста и одговорноста во политичките процеси во фокусот на ЦИВИЛ

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ секако е борбата против корупцијата, а семинарот „Транспарентноста и одговорноста во политичките процеси“ на ЦИВИЛ ќе биде искористен како своевиден водич за понатамошни акции на организацијата, но и на потенцијалните партнерски организации и граѓански иницијативи во оваа област. Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста.

August 13, 2019 10:23
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
„Граѓански објектив“ во Битола, настан на отворено, 2016 година (Архива на ЦИВИЛ )

„Граѓански објектив“ во Битола, настан на отворено, 2016 година (Архива на ЦИВИЛ )

Share on FacebookShare on Twitter

Со извонредно интересна агенда, како за пошироката јавност, така и за членовите на тимот на организацијата, во седиштето на ЦИВИЛ забрзано се прават последните подготовки на Семинарот за стратешко планирање, едукација и градење партнерства: „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. Агендата е комплексна и предвидува динамични работилници за членовите на проектните тимови на ЦИВИЛ и соработничката екипа од различни градови низ земјата, како и сесии отворени за јавноста.

Семинарот ќе се одржи на 14 и 15 август, во хотел „Романтик“, на брегот на Велешко Езеро. Бројот на учесници за отворените сесии е ограничен, а рокот за пријавување истече на 12 август, 20 часот.

Специјални гости на семинарот се првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, експертот за финансии, до скоро советник на екс-министерот Тевдовски, активистот за човекови права, Бранимир Јовановиќ, како и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Тие ќе говорат во сесии што се отворени за јавноста.

Излагањата на специјалните гости на семинарот ќе бидат добра основа за понатамошни активности на граѓанските организации и градење меѓусекторски партнерства за постигнување на повисока транспарентност и одговорност во политичките процеси на локално и национално ниво.

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ секако е борбата против корупцијата, а семинарот „Транспарентноста и одговорноста во политичките процеси“ на ЦИВИЛ ќе биде искористен како своевиден водич за понатамошни акции на организацијата, но и на потенцијалните партнерски организации и граѓански иницијативи во оваа област. Учеството на Претседателката на ДКСК, Ивановска, на овој семинар ќе биде драгоцен придонес кон оваа определба, како и учеството на Бранимир Јовановиќ кој ќе говори за главната тема и односот меѓу ветеното и исполнетото во изминатиот период.

Јовановиќ, во јавноста попознат како активист за човекови права и социјална правда, инаку реномиран експерт за финансии и доскорешен висок владин службеник и Претседателката на ДКСК, Ивановска, која своето претходно професионално искуство и експертиза ги градеше во Државниот завод за ревизија, ќе фрлат светлина на најчувствителните сектори на функционирањето на системот. На овие теми и прашања логично се надоврзуваат искуствата од локалната самоуправа, за што ЦИВИЛ го покани да говори градоначалникот на Велес, Коцевски.

Меѓу говорниците на сесиите отворени за јавноста ќе биде и Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ кој, заедно со членовите на проектните тимови на организацијата ќе одржи презентации со примери за злоупотреби на јавни ресурси и коруптивно однесување на политичките партии и нивните функционери, како и презентација на проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“. На затворените сесии на организацијата ќе се одржат работилници за стратешко планирање и едукација за различни области на работењето на организацијата во овие чувствителни области.

Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, финансиски поддржан од National Endowment for Democracy, од октомври 2015 година.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Сите содржани потпишани од ЦИВИЛ Тимот за комуникации се слободни за целосно преземање, со молба до редакциите да стават линк до изворот.

Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ